Калиопи реши дека е време за промена – сподели со што веќе започнала

  • By admin
  • февруари 7, 2022
  • 0
  • 436 Views

Кога станува збор за Калиопи Букле не е потребно да се трошат премногу зборови. Без соменени е една од најистакнатите македонски уметница, вокален изведувач, композитор и текстописец.

Во својата татковина често е нарекувана Поп дива или Кралица на македонската поп-музика. Таа е доста позната на екс-југословенските простори каде врвот на кариерата го достигна во осумдесеттите.

Во Македонија важи за вонсериски уметник од светски калибар, кој покрај извонредните вокални способности во рамките на поп-музиката, изведува и компонира музика за филм, театар и балет.

Калиопи е родена на 28 декември 1966 година во Охрид, а детството го помина во Кичево. Татко ѝ е со влашко, а мајка ѝ со македонско потекло, но Калиопи не го зборува влашкиот јазик.

Ќе биде запаметена по победата на едно од првите изданија на детскиот музички фестивал Златно Славејче, во 1976 година, со песната Мојата учителка.

Таа е доста активна на социјалните мрежи, па често на инстаграм или фејсбук споделува фотки или видеа од нејзиниот приватен живот.

Калиопи реши да сподели снимка направен од Белград, а меѓу другото откри дека по враќаето во Македонија започнала процес на промена, односно слабеење.

Ова се моите омилени крофни во Белград, а отсега и во светот! Затоа што кога ќе ве послужи омиленото суштество, дефинитивно најмладата продавачка (само две години), тогаш “Глазура” станува многу поважно место, а крофната повкусна.

Ова видео е направено пред една недела за време на мојот престој во Белград и секако до следно Ова се моите последни крофни, бидејќи по враќањето започнав строга диета.

Драга моја Маша, ова видео ќе биде тука кога ќе пораснеш, да те потсети на овој наш момент… Твоја Опи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.