Ирнес набрал дрва за да го стопли семејството, а поради тоа сега оди зад решетки

  • By klaster2
  • декември 13, 2021
  • 0
  • 550 Views

,, Не знаеме ни што ќе правиме и како ќе направиме, ниту жена ми не работи. Не ми се верува дека ова е можно, разо чаран сум.

Ова се зборовите на 27-годишниот Ирнес Коругиќ од Доњи Вакуф (Босна и Херцеговина) кој доби су дска пре суда според која треба да оди зад решетки на четири месеци.

За сечење шума каде што се товари за кра жба на пет кубика дрва, но тој вели дека тоа не е вистина и дека се работи за неколку цепаници.

Како што изјави за порталот „Аваз“, ниту тој, ниту неговата сопруга не работат, ситуацијата им е многу лоша и немаат ниту денар.

– Четири месеци зад решетки би ми го отежнале и така тешкиот живот, ова беше единствениот извор од каде земав некој денар, вели Ирнес.

– Вели дека исекол дрва колку што можел да собере во автомобил ,,Голф II ” или околу половина кубик, како што истакнува, додека тие го товарат за повеќе.

– Ме товарат за нешто повеќе што не сум го направил, ставив дрва колку собира автомобилот, па не возам јас шлепер да се пет кубика, додава тој.

Тој вели дека ќе се обиде да бара условна ка зна. Тој не знае како ќе продложи со животот и вели дека се му оди удолу.

-Барам работа, но кога човек ќе ми каже дека платата ќе биде 450 км ( околу 14.000 денари), а само една недела одмор месечно.

Тоа е не човечки, треба да јадам. Само што се оженив и веднаш зад решетки, сопругата исто така не работи и немаме приходи.

– До гуша сум со кредити, се трудам да обезбедам парче леб, во неизвесност сум и не знам како ќе продолжам – изјави Коругиќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.