Игор од Скопје: Што после мајка ми, како ќе продолжам, јас зависам од нејзе

  • By klaster2
  • мај 30, 2022
  • 0
  • 309 Views

Станка Куч потекнува од Црна Гора, пред многу години дошла во Скопје каде што заедно со сопругот создаваат семејство.

Тие имаат доста тежок живот, со години се справувале со стерилитетот, по некое време сепка Бог ќе им даде чедо, кое сепак ќе биде по болниците уште од мали нозе.

Целиот живот ќе мора да биде до синот во секој миг бидејќи тој има сериозни здраствени проблеми а најголемо гајле и е што ќе биде откако таа ќе замине од овој свет.

– Долго време немав дете, штом се вселив во новиот стан, останав во блажена состојба, но за жал подоцна дознавме дека детето нема да биде како сите други.

– Имаше доста проблеми, беше во Белград на зафати, месец и пол бевме таму, имаше серија од опера тивни зафати, ситауцијата му беше тешка, вели Станка за ,,Срце на Дланка”

– Сам не смеам никаде да одам, мора да има придуржба до мене, не се знае што може да се случи, бидејќи имам отежнато одење.

– Каде да ме оставите таму ќе ме најдете. Ми откажува едната нога од време на време, имав многу зафати, вели синот Игор.

– Наместо да се социјализирам и да се дружам, јас целиот живот го поминав така, со доста здраствени проблеми се соочувам.

Станка смогнува сили и покрај се, го запишува синот во училиште за посебни потреби и го добива основното образование, но сепак тој нема да биде способен да се грижи сам за себе.

– И јас имам некој здраствени проблеми, треба да одам на зафат, а тој без мене неможе не знам што ќе се случува, вели оваа храбра мајка од Скопје

– Што да направи мајка ми со минимална пензија, дали да купи лекови, дали да купи храна, се случувало и да нема храна тоа е реалноста, вели Игор.

– Освен една сосетка која помага кога тогаш, друг никој не сака да помогне на никаков начин. Не ми останува ниту денар.

– Што после мајка ми? Тоа ми е најголемо гајле, јас зависам од неа, не можам сам ниту да излезам, неопходно ние е храна исто така.

Доколку сакате да му помогнете на ова семејство достоинствено да продолжи да живее и на Игор да му се даде ветер во грб тоа може да го сторите на телефонскиот број 078 314 803

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.