Ивона Талевска се последно збогум за својата голема пријателка: Нека ти е светло царството небеско

  • By admin
  • јануари 29, 2022
  • 0
  • 600 Views

Ивона Талевска долги години важеше за една од најдобрите и најубави тв презентерки и беше препознатлив лик на Сител ТВ.

Но веќе неколку години се повлече и ја нема на малите екрани иако таа и понатаму е активна во својата професија, новинарството.

Како што е познато Ивона Талевска е актуелен претседател на Македонската асоцијациј ана новинари (МАН).

Талевска неодмана ја искористи посетата на претседателот на соседна Србија, Александар Вучиќ да оствари средба со него и да му врачи благодарници и притоа истакна:

-Со целосна поддршка, хуманост и солидарност на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, МАН и УНС први ја спроведовме најхуманата и најмасовната опе рација за спасување на животите на медиумските работници со обезбедување вакцини против Ковид 19.

Благодарение на претседателот на Србија, ја отворивме вратата за вакцинирање на над 10.000 луѓе во регионот од различни сектори.

Синоќа ненадејно во Белград престана да чука срцето на Ксенија Вучиќ, позната новинарка и прва сопруга на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Ксенија Вучиќ работеше како новинар повеќе од 30 години.Кариерата ја започна во ТВ Студио Б, а во последните години водеше популарни емисии на ТВ Пинк.

Информацијата на својот официјален профил на Инстаграм ја потврди и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Веста за нејзиното заминување ја допре и Ивона Талевска со која очигледно добро се познавале, па таа на Инстаграм напиша:

-Идеалист, упорна, бритка, ос тар ум и силни зборови, жена змеј Ксенич. Нека ти е светло царството небеско.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.