Иако има само девет години, Слободан секое утро го поминува работно во шумата

  • By klaster2
  • јули 2, 2022
  • 0
  • 520 Views

Како што наближува есента, така расте и цената на огревното дрво на пазарот. Побарувачката е се поголема а и веќе закажаните тури доцнат.

Незадоволството кај граѓаните расте, а цената на дрвата достигнува неверојатни цифри. Цената и на дрвосечачите и берачите исто така е подигната.

Штом започне одморот за деветгодишниот Слободан Милосављевиќ, во шумата започнуваат летните утра со неговиот татко, со кој макотрптно работата.

Слободан Милосављевиќ од Дљин вели дека им помага на својот татко, вујко и работници. Таткото Владимир вели дека Слободан сам ја донел одлуката.

Штом се зголеми побарувачката на дрва, на видело излегува дека нема дрвосечачи, особено млади, а сезонската плата е добра, вели Кристијан.

„Педесет евра, шеесет стигнува дневницата. Не им е тешко на оние што сакаат да работат, а на оние што не работат нормално им е тешко“, вели Кристијан Јосифовиќ, за РТС,рс

Историското поскапување на дрвото ги натера сопствениците на парцелите да постават видео надзор, за да не бидат залудни многудневните напори.

„Па, да, точно е лани имавме многу проблеми со дрвокра тците. Сега го обезбедивме под видео надзор, го ставивме под далечински мониторинг, а можеме да ги следиме цело времe.“

Додека од приватните шуми дрвавта се многу скапи, дрвата од државните шуми се доста поевтини но и доста се чека. Побарувачката е зголемена.

„И тој производствен план не може да се надмине од некои други закони, пред се Законот за шумарство и каде што најмногу внимаваме на зачувување на шумскиот екосистем.

,, Јас ја сакам оваа работа, можеби е тешка, но кога сакаш нешто да работиш и го работиш со љубов секоја тешкотија проаѓа, вели малиот Слободан.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.