И малиот 11-годишен Ариел од Кичево се соочува со пречки во образованиетo: Неговите родители кажаа што барат

  • By admin
  • февруари 7, 2022
  • 0
  • 515 Views

Случајот со малата Ембла од Гостивар пред неколку дена ја крена македонската јавност на нозе, а нејзиниот случај се уште е актуелен во јавноста.

Денес Ембла беше посетена од првиот човек на државата, претседателот Стево Пендаровски кој во оваа прилика кажа:

Прекрасната енергија на Ембла имав чест да ја почувствувам денеска во нејзиниот дом и училиште во Гостивар.

По случајот со Ембла се огласија родителите на малиот, 11 годишниот Ариел со Даунов синдром. Мајка му дознала уште во првите месеци од бременоста дека Ариел е со Даунов синдром но одлучила да го роди и израсне таков каков што е.

За родителите почнале тешкотиите кога Ариел требал да почне на училиште. Во селото Колибари и Грешница немало услови, затоа родителите го донеле во основното училиште Санде Штерјоски во Кичево. Тука има специјална паралелка за деца со посебни потреби, но наставата е само на македонски.

„Од првиот ден на училиште учи на македонски јазик, како родители побаравме да има дефектолог и да учи на албански јазик бидејќи тоа го дозволува Уставот со закон, но за се што побарав не наидов на слух, не ме зедоа предвид“ вели таткото на Ариел во изјава за ТВ 21.

Директорот на училиштето даде објаснување зошто нема паралелка на албански јазик.

„Со новиот закон од минатата година нашето училиште доби статус на училиште за ученици со посебни потреби, школо за поддршка, а центарот ни е во Битола во училиштето “Кочо Рацин“ каде на учениците со пречки во развојот и говорот им се прави категоризација т.н.

МКФ и потоа се прави категоризација а им следува и личен наставен асистент“, вели Рахим Пиљоли, директор на ОУ Санде Штерјоски.

Таткото на Ариел вели дека неговиот син има лекарска класификација о0д лекари, но тој повторно, за да го почитува законот контактирал со овој центар пред две години, но се уште не го повикале за термин.

Тој и додека беше со нас неколку пати се обиде да стапи во контакт со центарот, но не беше возможно.

„Во јуни не викаа, нас како родители на вакви деца, дека треба да направиме категоризација на децата според – МКФ. Што е тоа, не знам. Во Скопје ни дадоа и телефонски број, се јавив 2 пати зборував со нив.

Нивниот одговор беше дека ќе ни се јават и до ден денес, скоро две години, ниту ни се јавија, ниту ни дадоа термин,“ вели таткото на Ариел.

Друг проблем е и тоа што од кога почнала пандемијата Ариел не оди на училиште. Прво следел онлајн настава, но кога почнала наставата со физичко присуство, Ариел не бил повикан на училиште.

„Од кога почна Ковид, едно полугодие не учевме, потоа не учевме една година и сега не учеше ниту првото полугодие, мислевме дека ќе почне во второто полугодие но се уште не почна“, почна таткото на Ариел.

Директорот на училиштето ни рече дека тоа се случило поради тоа што дефектологот бил заразен со Ковид-19, а заразени биле и неколку ученици.

„Не почнаа во септември, почнаа само со онлајн настава поради моменталната состојба со Ковид, поради големиот број заразени, така да и наставничката едно време беше во изолација, а и нејзиното семејство. Имаше и ученици од таа паралелка кои беа заразени,“ вели Пиљоли.

Директорот вети дека оваа категорија ученици со посебни потреби ќе почне со настава следните денови, а за случајот на Ариел вети дека штом родителите ја достават категоризацијата на Ариел од МКФ, тој ќе се залага во училиштето во Битола на Ариел да му се обезбеди дефектолог Албанец со цел тој да продолжи со настава во нормална училница.

Целата сторија за Ариел може да ја проследите во видео прилог на ТВ 21.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.