Зоран ја има најстарата куќа во регионот: Сакаат да ја купат а јас и велам ,,немате пари за оваа куќа”

  • By klaster2
  • октомври 31, 2022
  • 0
  • 331 Views

Во Новаци кај Уб, куќата која со векови го издржа тестот на времето и во која живеат Веселиновиќи – Зоран и неговата сопруга – снаата Смиља, која влегла во семејството пред триесет и повеќе години, и денес стои по повеќе од три века.

Ова е веројатно една од најстарите куќи во Србија и регионот во која сè уште може да се слушне детски џагор, а во која семејството Веселиновиќ сè уште живее во 21 век.

Кога сме сведоци веќе дека денешните градби не се толку квалитетни и дека цената на сите производи за правење куќа расте од ден на ден ова е пример за тоа колку издржлива е старата градба.

Ова можеме да кажеме и дека наликува на музеј, со предмети добро зачувани а се уште функционални наидуваат на воодушевување.

Домаќинот Зоран е горд на својата куќа и своето наследство, горд на тоа што го има а како што вели не го дава никому.

– Во оваа куќа има поминато многу генерации, од колено на колено, мојот пра дедо, дедо, татко, јас и моите деца, вели Зоран за Телевизија ,,Пруга”

– Своевидно мојата куќа претставува и атракција за некој, доаѓаат луѓе од многу краишта и ја посетуваат и разгледуваат.

– Многумина има што доаѓаа и сакат да ја купат оваа куќа, ја бараат но јас не ја давам, еве еден дојде пред два месеци и ми вели:

– Сакам да ја купам куќата, а јас отсеч но му одговорив со зборовите ,,Немаш пари ти да ја купиш оваа куќа” а тој зачудено праша зошто:

– Па, ова е непроценлива вредност – вели Зоран, кој има уште неколку години до пензија, а потоа планира да отвори етно-село, а не му паѓа на памет да го продаде своето наследство.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.