Зоран Заев ќе се изнашета: Откри во кои се држави ќе го помине летниот одмор

  • By admin
  • јули 3, 2021
  • 0
  • 2715 Views

Премиерот Зоран Заев синоќа во во интервју за ТВ21 истакна дека во понеделник, на 5 јули, ќе започне издавањето на новите пасоши со името „Република Cеверна Македонија“.

– Јас ќе бидам првиот, во понеделник сабајле што ќе аплицирам, ќе го земам првиот пасош. Тоа се подготвени документи, министерот за внатрешни работи ми ги презентираше во вторникот на Владата и буквално, од петок ќе почне реализацијата. Еве уште едно ново исполнување од наша страна на Преспанскиот договор – истакна Заев.

Пред неколку дена Премиерот Зоран Заев денеска соопшти дека годинава ќе користи десет дена летен одмор, но не сакаше да коментира дали Парламентот треба или не да оди на одмор за да се реализираат сите заостанати активноти пред пописот во септември и локалните избори во октомври.

– Значи, како што реков, социјалдемократ сум, правото на одмор е вистинско право, заради тоа што одморен човек и работник, па и пратеник, може да биде поефикасен.

Можеби не мора цел август месец да биде одмор, обично после Илинден Парламентот заминува на одмор, можеби помалку, но Парламентот е над Владата, над мене како премиер.

Јас не би си дозволил да ги коментирам нивните одлуки, како ќе одлучат тие ќе почитуваат. Но, јас ќе користам десет дена годишен одмор, рече Заев на новинарско прашање на настан во скопската општина Ѓорче Петров.

Премиеорт Зоран Заев разгледува неколку дестинации за тоа каде ќе го помине летниот одмор. Во изјава за Канал 5 претседателот на Владата вели дека ќе летува во Охрид, но и на Јадранот и Турција.

За време на одморот Заев потврди дека ќе има и една викенд дружба со Алексис Ципрас во Грција.

Претходно Заев најави дека на летен одмор ќе биде десетина дена и дека секој политичар треба добро да одмори за да ги постигне посакуваните резултати.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.