Зоран Заев даде оставка, па неговата ќерка Александра јасно кажа што мисли за својот татко

  • By admin
  • октомври 31, 2021
  • 0
  • 516 Views

Како што е познато, вечерва Премиерот Зоран Заев најави повлекување од државната и партиската функција по поразот на локалните избори. Рече дека е разочаран што мнозинството им дало поддршка на луѓе кои пред 4 години тргнале да уб иваат.

„Ја преземам одговорноста на себе. Поднесувам оставка од премиер и претседател на СДСМ. Им честитам на сите прогресивни граѓани кои се бореа силно за интегрирана Северна Македонија.“

Со овие зборови Зоран Заев во неделата најави повлекување од кормилото на владата и на неговата СДСМ откако партијата доживеа тежок пораз на локалните избори во земјата.

Заев рече дека е разочаран од начинот на кој гласале мнозинството гласачи.

„Има разочараност кај мене затоа што мнозинството од народот кој гласаше, како и оние кои останаа дома, ги избраа истите луѓе и политичари кои во парламентот пред четири година сакаа и тргнаа да уб иваат. Некои од нив дури се избрани за градоначалници во скопските и други општини“, рече Заев.

Тој порача дека сака неговото повлекување „да остане забележано во паметењето на народот“.

„Не е тешко заминувањето од политиката, тешка е помислата за реалноста од одлуката на нашиот народ.“

„Донесов слобода и демократија, а кога е слобода и демократија треба да има и преземање одговорност. Низ преземањето одговорност сакам да оставам печат за да се учи народот и да води грижа за својата земја.“

На граѓаните им порача дека е редно „да поддржуваат политичари кои имаат храброст да носат тешки одлуки за иднината на својот народ и државата без притоа да се грижат за својата фотелја или рејтинг“.

Премиерот во оставка рече дека е горд што земјата во неговиот мандат стана членка на НАТО, а верува и дека во следните неколку месеци има шанси да започнат и преговорите за членство во ЕУ.

Заев и честиташе на победата на опозицијата, но и коментираше дека парите биле причина за нејзиниот успех.

„Беа видливи многу пари кај опозицијата дојдени од надвор од политички и економски причини, а дел од големите пари ги добија и од домашни бизнисмени заради идни лични финансиски интереси и планови. Жалам што сите овие пари се значајна причина за ваквиот резултат на изборите“, рече Заев.

По ова на својот инстаграм профил се огласи неговата ќерка Александра Заева која упати јасна порака – односно дека за неа тој е херој.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.