Човк кој со самата појави е нешто поразлично и воедно впечатлив лик кој македонската јавност и тоа како го познава.
Вистинското име и презиме му е Зоран Василевски и е познат македонски естраден новинар кој нема медиум во кој не работел.
Поточно, ако веќе не препознавте за кого станува збор да кажеме дека тоа е Зоки Фаци. Дневен весник, магазини, портали, ТВ… Но сепак, најзапазен по своите телевизиски емисии и остварувања.
Особено по тоа што Зоки никогаш немал „влакна на јазикот“, па без пардон знаел на познатите да им го „каже в лице“ пред камера или зад неа, сеедно.
Во неговиот новинарски период, под лупа беа сите познати македонски јавни личности, пред се од естрадата, пејачки, водителки и манекенки.
Естрадниот новинар и ТВ водител Зоран Василевски попознат како Зоки – „Фаци“ нема среќа со медиумите. Од печатениот збор ( беше новинар на „Вест“) своевремено се префрли на електронските медиуми.
Арно ама „А1“ ја растурија, кабловската „Џангл ТВ“ пропадна, а и со последната „1ТВ“, Фаци немаше среќа.
Исто така добро познато е дека Зоран по професија е ветеринар, но животот му носеше друга насока па заврши како новинар.
– Премногу сум емотивен, немам ништо заедничко со тоа што го работам. Пред се ми е семејството, на второ место ми се животните, а потоа природата. Кога сум дома читам книги, гледам Анимал Планет и Дискавери.
Денес Зоки е маркетинг менаџер во познатиот “МиКаса“ – хотел и стек хаус кој се наоѓа на Скопското Кале каде може и да уживате и убаво и квалитетно да се најадете.
Добро познато е дека е добар пријател со водителката Лила Филиповска и презентерот Спасе Јовановски со кои често се дружат за што сведочат многубројните фотографии.
Овојпат Зоки Фаци се пофали дека има уште една работа, која преку својот инстаграм профил ја сподели поврзаноста со екс сопругата на Даниел Кајмаковски, Кристина:
Кој сака нека честита, другите кој ве еб е. И официјално да ви се пофалам и станав пиар менаџер на идната голема ѕвезда. Јас тоа ви го гарантиран.