Зоки Фаци откако беше виден како пазари во Шутка: Вие вода во очи немате

  • By admin
  • ноември 15, 2021
  • 0
  • 793 Views

Познатиот новинар Зоран Василевски познат во јавноста како Зоки Фаци важи за човек кој секогаш отворено го кажува она што го мисли.

Во неговиот новинарски период, под лупа беа сите познати македонски јавни личности, пред се од естрадата, пејачки, водителки и манекенки.

Естрадниот новинар и ТВ водител Зоран Василевски попознат како Зоки – „Фаци“ нема среќа со медиумите. Од печатениот збор ( беше новинар на „Вест“) своевремено се префрли на електронските медиуми.

Арно ама „А1“ ја растурија, кабловската „Џангл ТВ“ пропадна, а и со последната „1ТВ“, Фаци немаше среќа.

Народот вели кој нема среќа во работата има во љубовта. Зоки – „Фаци“ секојдневно можете да го видите што по скопските локали, што на социјалните мрежи, како гушка и бакнува прекрасни убавици. Некој ќе рече девојките сами му се лепат на „харизматичниот“ водител

Добро познато е дека Зоран по професија е ветеринар, но животот му носеше друга насока па заврши како новинар.

Да ви кажам искрено, да ми кажеше некој дека ќе го работам ова што го работам денес немаше да му верувам. Кога завршив факултет отидов до зоолошка градина да волонтирам, убаво почна се, но со еден оглас во весникот Вест, каде што бараа ветеринар да пишува за животни ми се промени животот. И така започна се.

Премногу сум емотивен, немам ништо заедничко со тоа што го работам. Пред се ми е семејството, на второ место ми се животните, а потоа природата. Кога сум дома читам книги, гледам Анимал Планет и Дискавери.

Популарниот Зоки Фаци каде и да се појави привлекува внимание, а има и зошто.

Зоки Фаци е мошне активен и на социјалните мрежи, па често објавуа фотки и видеа од своето секојдневние.

Во една прилика Зоки има кажано дека тој на себе носи само скапа брендирана облека, но на социјалните мрежи се појавија фотки како тој пазари од тезги во Шутка, на што тој се огласи:

„Да, точно бев и купував папучи на жената што чисти во Микаса, а што има лошо во тоа да пазариш во Шутка“.

По ова утрово Зоки Фаци се огласи и со видео порака на стори на Инстаграм каде што беше релативно силен на уста и упати порака до оние кои го фотографирале и оние кои го коментираат:

„Уште од сабајле отварам очи и милион пораги зошто сум пазарел во Шутка. И сеа што да ви кажам, да точно бев, купував тоа што купував и јас во Шутка баш сакам да одам од тезга на тезга ми е интересно“, кажа Зоки и додаде:

„А вие кл ошари, буд алети кај пазарите, вода во очи немата, па таа Шутка за вас е Холивуд“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.