Зоки Фаци: Моментално во Скопје нема мажи – со косите средени во тесни хеланки купуваат во Зара по тројца застанати

  • By klaster3
  • октомври 19, 2022
  • 0
  • 430 Views

Зоки Фаци или Зоран Василевски како што му е вистинското име и презиме е познат македонски естраден новинар кој нема медиум во кој не работел. Дневен весник, магазини, портали, ТВ… Но сепак, најзапазен по своите телевизиски емисии и остварувања.

Особено по тоа што Зоки никогаш немал „влакна на јазикот“, па без пардон знаел на познатите да им го „каже в лице“ пред камера или зад неа, сеедно.

Во неговиот новинарски период, под лупа беа сите познати македонски јавни личности, пред се од естрадата, пејачки, водителки и манекенки.

Естрадниот новинар и ТВ водител Зоран Василевски попознат како Зоки – „Фаци“ нема среќа со медиумите. Од печатениот збор ( беше новинар на „Вест“) своевремено се префрли на електронските медиуми.

Денес Зоки е маркетинг менаџер во познатиот “МиКаса“ – хотел и стек хаус кој се наоѓа на Скопското Кале каде може и да уживате и убаво и квалитетно да се најадете.

Зоки Фаци е доста активен на социјалните мрежи така што секојдневно од него може да очекувате споделено стори, некоја фотографија или пак дел од атмосферата на работното место.

Зоки беше гостин во емисијата Нешто конкретно со Снеже Велков каде тема на разговор беа естетските коре кции кои ги прават жените, за кого ги прават, зошто се фалат со нив, но и за тоа какви се мажите во ова модерно време.

„Тие што заработуваат од тоа, еве како пејачките што се во шоу бизнисот тоа го почитувам. Сите стандарди што денесака докторите ги прават ги наметнаа Ким Кардашијан и Ники Минаж.

Ако пред пет години беше да имаш убави сили кони големи ко на Цеца, сега треба да има голем зад ник како на Ники Минаж.

Јас кога работев добри 15 години во медијата во еден весник беше ш ок кога ставив на насловна страница дека Елена Велевска стави сили кони, после Сузана Гавазова, а денеска тоа е многу нормално.

Моментално во Скопје нема мажи. Има метросе ксуаци. Јас ги гледам како вежбаат, како купуваат во зара по двајца тројца застанати и нема девојка со нив. Ти го гледаш со веги направен, косичките средени, тесни хеланки, панталони. Нема веќе поим за маж“, беше дел од мислењето на Зоки.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.