Мухамед Зекири генерален секретар на Владата во емисијата 24 анализа вели дека нема официјална инфоирмација за постоење на нон-пејпер.
Вели дека Македонија е членка на НАТО и нејзиниот интегритет е забетониран и тоа е придобивката од нашето членство во Алијансата.
„За нашиот интегритет и безбедност се грижат сите членки на НАТО. На Балканот постојано се отвараат такви теми како Босна и Косово.
Словенија отсекогаш била за инеграција на Западен Балкан во ЕУ и рашањето ќе биде затворено кога сите земји од Западен Балкан ќе станат членки на ЕУ и нема да бидат потребни границите. – вели Зекири.
Зекири подвлече дека нашата земја има стабилна влада и смета дека многу земји сакаат да имаат влијание по други помали земји. Реално, не е толкаво влијанието на Турција која е истотака членка на НАТО.
Во однос на тоа дека во една од верзиите на нон-пејперот на словенечкиот премиер Јанез Јанша е предвидено мирно враќање на Никола Груевски, на голема врата, генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири смета дека тоа се само пусти желби на другарите на поранешниот премиер и ази лант.
„Тоа реално нема шанси да се случи. Тој може да се врати само ако ја одлежи каз ната и да ги пречека останатите пресуди од предметите против него. Како слободен човек на голема врата во земјава, нема шанси да се врати“, потенцира Зекири.
За објавеното во нон-пејперот, Зекири подвлече дека нашата земја има стабилна влада и смета дека многу земји сакаат да имаат влијание по други помали земји.