Здравко Петров: Кога би имале една достојна соба би бил среќен, сакам децата да ги изведам на прав пат

  • By klaster2
  • јануари 25, 2022
  • 0
  • 661 Views

Судбината не секому му е наклонета позитивно, често знае да си поигра со многу живот и да ги остави на цедило и во без дната.

Во 21 век да немаш основни услови за живот, да немаш доволно облека и храна е тоа навистина е премногу. Да живееш во голема неизвесност.

Ете таква судбина има семејството на Здравко Петров од Врање, кој и во онака тесната куќа мора да го дели просторот со поширокото семејство.

– Бев бранител ја бранев татковината во немилите години. Отсекогаш се залагав да ги изведам моите четири деца на вистинскиот пат.

– Со години се трудам да најдам пристојна работа, но не ми оди најдобро. Незнам што е едноставно среќата ми го врти грбот, вели Зоран пред објективот на организацијата ,,Србизасрбе”

– Ја делиме куќата со мојата маќеа, брат, полубрат, така што имотните односи се многу сложени, а моја е само една соба.

– Најмногу би ни значело кога би имале куќа, во која би ги имале условите какви што заслужува секој човек. Кога би имал само една соба за да ги истерам децата на прав пат.

– Многу би ми значело да имам трактор и косачка за да можам дополнително да заработам кога некој ќе ме повика да работам.

Мајката пак Јасмина скромно и срамежливо побара само малку облека која би ги стоплила во овие студени и снежни времиња.

Покрај финансиските, семејството не го заобиколија и здравствените проблеми, па мајката има проблем со здравјето, додека нејзиниот син Лазар (13) има стра бизам.

Покрај нив во семејството се и Марија (18), Стефан (15), додека Анѓела (23) се омажила и нашла сламка спас од оваа состојба.

Навикнати да живеат под прагот на сиромаштија, овие деца немаат големи желби кога станува збор за преселба на друга локација доколку им се купи куќа.

Како што велат неможат да поканат пријатели да им дојдат на гости кај нив бидејќи немаат каде да ги примат и да ги удостојат.

ФОТО:,,Србизасрбе.орг”

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.