Започнува сезоната на приготвување зимници, а кога се мисли на зимници тука е неизбежниот ајвар без кого ретко кое семејство поминува во зимо.
Општо познато е дека струмичкиот регион е најголем производител на црвен пипер, поточно ајварка. Струмичките земјоделци во неизвесност како ќе помине откупната сезона со црвената пиперка чија берба само што почна.
Велат дека откупните цени се исти како минатата година иако во оваа производствените трошоци двојно им се зголемени заради високтие цена на горивата и губривата.
Ранчо Витанов од струмичко Габрово вели дека ним и сезонава ќе им остане само трудот и мак ата.
„Има пипер за берење, но не знам со цената како ќе биде. Велат 20-25 денари била, но има и ногу из горени пиперки од сонцето, не може да постигнеме со вадење. Веќе не е исплатливо, догодина верувам дека нема да се саде.
Во Муртино се откупува црвена пиперка од под пластеници. Цената е 40 денари за килограм за Прва класа. Таа потоа се селектира за извоз а она што останува ќе биде наменета за преработувачите по цена од 20 до 25 денари.
Најмногу првата класа на црвен пипер кој се извезува е во Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија и некој помали количини во Европската унија.
Наскоро се очекува бербата на засеаните пиперки и под отворено во струмичко. Дотогаш земјоделците се обидуваат да го спасат родот од високите температури.
Секојдневно ги наводнуваат површините за да имаат подобар квалитет иако добар дел од засеаното од ло шите временски услови се веќе униш тени, пренесува Телевизија 24.