Заев: Ако треба да преземам одговорност, ќе преземам

  • By admin
  • март 9, 2021
  • 0
  • 620 Views

Премиерот Заев е подготвен да преземе одговорност за доцнење со вакцинацијата за граѓаните. Но, лично смета дека направил се што може да се направи, дури се обидел преку тајни служби што поскоро да ги обезбеди. Уверува дека првите дози ќе стигнат до крајот на март.

-Ако треба да преземам одговорност, ќе преземам. Но дали тоа значи дека сите министри, сите Влади во светот треба да паднат, дури и оние кои имаат вакцинирано милиони жители, како една Британија, Швајцарија, Австрија, каде има починато повеќе жители отколку кај нас. Тоа не значи одговорност. Правиме се што може да се направи.

Дури се обидев и преку тајни служби, јас, министерот за здравство, министерот за надворешни работи, да помогнат што поскоро да дојдат вакцините, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за Сител.

Премиерот Заев демантира дека побарал широка коалција без лидерот на опозицијата Мицкоски. Споделил само идеја, како што вели, за доброто на граѓаните, која очекува да биде прифатена – ако не сега – по локалните или парламентарни избори.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.