За храброста на Мартин од Тетово долго ќе се зборува: Неговиот сосед довека ќе му е благодарен

  • By admin
  • февруари 3, 2022
  • 0
  • 591 Views

Општина Тетово ќе им помогне на граѓаните во населбата Колтук кои беа засегнат, најави градоначалникот Биљал Касами кој беше на местото на настанот за да види каква е ситуацијата уште истата вечер.

Се уште не стивнуваат реакциите за големиот пожар што се случи минатиот петок во Тетово кој за среќа помина без да однесе човечки живот.

За да тоа биде тоа така голем, ако не и најголема заслуга има младот момче од соседствот за кој потег долго ќе се говори.

Да не била големата храброст на младото момче,  сопственикот на куќата во која пред неколку дена во Тетово започна пожарот, сигурно немало да биде помеѓу живите.

Момчето храбро влегло во куќа и по цена на својот животот, но како велат, храбрите ги прати среќата, па така успеало да го спаси соседот.

„Херој! Во страш ниот пожар којшто беше во Тетово јавно сакам да нешто да се истакне. Ќе зборувам за храброто момче, 25-годишниот М. М. кое повика:

‘Или двајцата ќе излеземе или никој’, се втурна во бесн иот оган и го спаси животот на човекот. Тој заслужува да се спомене и да се велича, зашто и покрај тоа што мајка му во пл ач викаше да не влегува во запал ената куќа бидејќи дека жив ќе из гори, тој само мислеше како да го спаси соседот“, вели Ангела Андоновска од населбата Колтук.

Овој херој вчера беше посетен и од страна на првиот човек на државата, Стево Пендаровски кој за посетата истакна:

Подготвеноста да се риз икува својот живот за другите е карактеристика на хероите. Чест ми е што го запознав младиот херој Мартин Малетиќ, кој во неодамнешниот пожар во тетовската населба Колтук му го спаси животот на својот сосед.

Неговата храброст и пож ртвуваност заслужуваат огромно признание и восхит.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.