Истражниот затвор во Шутка има изготвено посебни протоколи за движење на екс директорот на тајната полиција Сашо Мијалков.
Првиот човек на Управата за извршување санкции вели дека се превземени сите мерки за безбедност и на Мијалков и на останатите притвореници.
Изготвен е безбедносен план конкретно за притворениот Сашо Мијалков, за негово движење, конкретно за шетањето и се запазени сите безбедносни протоколи и стандардни оперативни процедури за да не дојде до каков било инцидент, изјави Марјан Спасовски.