За влез во Македонија да се воведат ПЦР тестови – познатиот доктор Пановски е јасен

  • By klaster2
  • јануари 3, 2022
  • 0
  • 447 Views

Сојот омикрон во моментов е најраспространетиот вид на коронавирусот ширум светот и сите земји стравуваат од него. Поради тоа, англиската Национална здравствена служба ги издвои симптомите кои најчесто се појавуваат, но и времето кога може да се очекуваат првите симптоми.

Експертите од Националната здравствена служба (НХС) истакнуваат дека симптомите на заразата со омикрон се веројатно поблаги од другите соеви, особено кај вакцинираните луѓе.

Секако, текот на бо леста секогаш може да се иско мплицира и постои одреден број смр тни случаи предизвикани од омикрон, па затоа е неопходна претпазливост.

Додека официјалните симптоми на ковид според НХС се континуирана кашлица, температура и губење на сетилата за вкус и мирис, кај сојот омикрон многу луѓе нема да ги искусат овие симптоми.

Повеќето луѓе заразени со омикрон, според статистиката на НХС, имаат симптоми слични на обичната настинка – гребење во грлото и течење на носот.

Експертите издвоиле осум предупредувачки симптоми на сојот омикрон и велат дека најголеми шанси тие да се појават се во раните фази на заразата:

– Чувство на гребење во грлото, бо лка во долниот дел на грбот, течење на носот или затнат нос, главобо лка, замор, кивање, ноќно потење, бо лки во целото тело

Според експертите, овие симптоми може да се појават и два дена по изложувањето на сојот омикрон, но може да се појават и по 14 дена, поради што е неопходна изолација од 10 дена ако сте биле во контакт со вирусот.

Свое видување и апел за новиот сој омикрон упати микробиологот Никола Пановски кој пред камерите на Канал 5 телевизија отворено зборуваше:

– Новиот сој, омикрон се шири многу побрзо, секако дека требаше на границите заради реципроцитет да се бара ПЦР тест.

– Колку навлегол вирусот ќе знаеме за неколку дена, ако не се зголеми драстично бројот заначи дека се уште не е пристуен толку.

– Затоа и моето мислење, зошто ние да не бараме тестови кога тие ни бараат, со здравјето мора да се биде сериозен, вели Пановски.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.