Жители на Кочани најавија протест, па им стигна закана: Секој што ќе излезе ќе биде ограбен

  • By admin
  • март 7, 2021
  • 0
  • 3886 Views

Жители на населбата Трајаново Трло утре ќе излезат на мирен протест, да го искажат својот револт поради како што велат, зголемениот број на кражби и разбојништва и несигурноста која владее во оваа кочанска населба.

Тие реагираат дека во последено време зголемен е бројот разбојништва, разбојнички кражби и тешки кражби во населбата и дека овие кривични дела претставуваат загрозување на материјалната сопственост, животот и безбедноста на жителите на Трајаново Трло.

Жителите се жалат дека ако праксата на крадците порано била да вршат упади во домовите во ноќните часови, во последно време зачестени биле кражбите и во текот на денот, дури и во присуство на сопствениците на имотите кои се затекле дома. Како што велат, сите кражби се уредно евидентирани со полициски запсиник, но немаат информација дали некој сторител е пронајден и процесуиран според закон, а пак за обештетување или враќање на сигурноста во населбата не ни станува збор.

Нивните барања се да се зголеми бројот на полициски патроли во населбата и поголема контрола од сообраќајната полиција. Во населбата забележани се „дивеења“ со возила кои се без регистарски ознаки, видно технички неисправни и се движат со голема брзина , со што го загрозуваат животот и безбедноста на жителите.

Преку писмен допис на кој се потпишани 120 жители на Трајаново Трло, за проблемот и нивните барања го известиле и Кабинетот на Министерот за внатрешни работи, началниците на СВР-Штип и ОВР-Кочани како и градоначалникот на Општина Кочани и претседателот на Советот на Општината, од каде се надеваат дека ќе им излезат во пресрет.

„Ја бараме назад безбедноста во нашите домови, дворови и објекти. Во спротивно ќе бидеме принудени да се организираме преку протести и блокади согласно позитивните законски прописи“, стои во писменото барањето на жители од населбата Трајаново Трло.

Протестот е закажан за утре, 08.03.2021 (понеделник), со почеток од 16:00 ч. кај „Вила Вонград“, во населбата Трајаново Трло во Кочани.

По оваа објава на локалниот портала Гласно.мк, на социјалните мрежи беше споделе пост од извесен Дејвид Василев кој напиша:

Какви протести бе. Секој од тие што ќе излезе ќе биде ограбен. Затоа не го палете огнот затоа ќе не можете да го угасите после

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *