Живеат на раб на сиромаштија без основни услови, а синот Даниел има само една желба: Сакам да имам патики наместо опинци

  • By klaster3
  • август 30, 2022
  • 0
  • 446 Views

Секое дете сака да има се што ќе посака – почнувајќи од пристоен дом, храна, играчки, прибор за училиште, па и некои мали „луксузи“ кои бараат родителите да им ги обезбедат. Но, за жал кај сите не е случај.

Трговиште е една од најсиромашните општини во Србија, каде секој петти жител добива некаква социјална помош. За некои тоа е оброк од народна кујна, а за оние што живеат во планинските села пакети со храна.

Еден од дра стичните примери на сиромаштија е семејството Славковиќ. Мизер ија и бе да се вовлекоа во секое ќоше од старата куќа, која се наоѓа длабоко во шумата во Кожје Дол кај Трговиште.

Без елементарни услови во него живее петчленото семејство Славковиќ. Се хранат со шумски плодови и со она што самите го садат.

– Немам што да јадам, сакам да имам патики и чевли наместо опинци, вели Данијел Славковиќ.. Мајката Стојанка Славковиќ вели дека немаат бања, дури ни вода. Немаат пари ни за храна.

Имаат три сина. Родителите не го знаат датумот на раѓање, ниту колку години имаат нивните деца. Двајца од нив одат на училиште, а најстариот има пречки во развојот.

Таткото Јова работи за дневница кога има работа. За напорен работен ден добива и до две илјади. „Сечам дрва, кој ќе ми се јави, секаква тешка работа, а јас сум болен“, вели Јова Славковиќ.

Живеат со осум илјади социјална помош и повремено со оброци во народната кујна кога можат да се симнат до Трговиште, кое е на десет километри од нивната куќа.

„Општина Трговиште дава еднократна помош за социјално загрозените семејства. Понекогаш таа може да биде и во натура, во вид на огревно дрво, пакети со основни прехранбени производи“, објаснува Стефан Трајковиќ, член на општинскиот совет за социјални прашања во Трговиште.

Во општина Трговиште траен паричен надоместок добиваат 101 социјално загрозено лице, а во Народната кујна се хранат 150 лица.

Со Центарот за социјална работа секојдневно контактираат жителите на кои им е потребна помош. Најчесто бараат пари за да купат лекови или автобуска карта за да одат на лекар.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.