Жарко на своите вработени им дава по 500 евра за секое новородено дете

  • By klaster2
  • февруари 7, 2022
  • 0
  • 634 Views

,, Заедно ја чекавме веста за пораѓањето на мојата сопруга. Кога се јави дека се е добро, тој ми пријде, ми честиташе и ми рече: „Друже, ова е за тебе“,

,, Го отворив пликот во кој имаше 500 евра. Ме преплавија чувства, бидејќи за среќа поради раѓањето на детето дојде неговиот гест кој ме восхити”

Ова е приказната за Павле Малиновиќ, првиот работник кој добил награда од 500 евра за принова во семејството од својот газда Жарко Ивановиќ Жика, сопственик на транспортна фирма .

За ваков потег се одлучил во март минатата година, кога Жика одлучи да подели парична картичка во таа вредност на секој вработен што ќе добие дете.

– Не се пари со кои може да се направи нешто големо, но сепак добро ни доаѓа кога ќе пристигне нов живот и ќе расте нацијата.

– Од моја страна тоа е знак на внимание и показател дека сите сме во компанијата како семејство, дека работниците гледаат поддршка во мене, како и јас во нив – истакнува Ивановиќ.

Павле кој го доби своето трето дете пред 11 месеци, вели дека подарокот од 500 евра вреди, „бидејќи се работи за солидна просечна плата“.

– Наскоро уште еден наш возач ќе стане татко, а очекуваме бејби бу м, бидејќи сите наши работници се млади – од 22 па до 40 години.

Имаме вкупно 35 вработени во пет компании, од кои три се во Србија и по еден во Австрија и Унгарија. Тоа се претежно момци од Бачка Паланка и околината.

Со сите нив сум како пријатели – вели Ивановиќ, кој се уште нема деца, бидејќи неодамна се ожени, но ги обожава близнаците на брат му.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.