Елена Ристеска: Јас знам за една Македонија, за еден јазик и за една нација

  • By klaster3
  • јули 11, 2022
  • 0
  • 467 Views

Позната наша пејачка Елена Ристеска долги години наназад важеше за една од најдобрите македонски пејачки и воедно најбарана кај публиката, но во последно време од нејзе нема ништо ново на музички план а и ја нема на настапи.

Популарната пејачка одамна нема извадено нешто ново, но затоа пак се посвети на друг бизнис, односно на козметиката каде отвори свој бренд.

Можеби музиката моментално и е во втор план и е посветена на други бизниси, а после долго време таа неодамна гостуваше во „Утринска на Телма“ каде зборуваше отворено на многу теми.

– Секогаш можело да се постигне и повеќе од ова што го постигнав, особено кога ќе погледнеш во кавка земја работиш каде што немаш и многу услови.

Сега и толку не е модерно да се издаде албум, се се сведува на некој комплет од некој си 4-5 песни. Сепак ние живееме од концертите и спознорските договори.

Сепак, Елена не застанува ниту со градењето на музичката кариера, па на социјалните мрежи сподели новост која ќе ги израдува нејзините фанови.

Имено, пејачката се враќа на музичката сцена со нови проекти и музика, а последниов период и го одбележа учеството на црногорски фестивал за кој има само пофалби.

Како и секогаш, Елена повторно докажа дека е горда Македонка и со огромна чест ја претставува каде и да отиде, па така и на домашен план кога на прославата на Денот на независноста на САД ја имаше честа и да ја испее македонската химна.

Дел од присутните на прославата во Скопје беше и Амбасадорката на Соединетите Американски Држави Кејт Мари Брнз. По тој повод се огласи Елена на Инстаграм и напиша:

„Македонската химна е гордост и чест да ти доверат да ја отпееш. Секогаш со посебно чувство сум ја пеела, бидејќи не е било која песна, химната е песна на еден цел народ , македонски народ.

Јас знам за една Македонија без придавки( освен придавката “Република” ) за која сум учела и во која живеам од кога знам за себе , за еден јазик- македонски јазик кој впрочем го говорам, знам за една нација или народ за кого пеам 20 години.

Исто толку години ја претставувам мојата нација и мојата земја насекаде низ светот, а таа земја се вика Македонија. И токму сега во овие тешки моменти треба да ечи насекаде македонската химна , бидејќи носи силна порака.

Покрај споменување на револуци онерите и народот кои се бо реле и ум реле за татковината, се споменува само едно име- Македонија и еден народ- македонски.

Ова не е време за било какви поделби и овој коментар нема никаква политичка конотација- има исклучиво патриотска.“, порача преку нејзината Фејсбук страница.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.