Минатата недела едно од најпопуларните видеа што кружи на социјалните мрежи е видеото во кое деверот и дава автомобил поклон на снаата во соседна Србија.
А екипата на ,, Телеграф рс” зборуваше со деверот Милан Јанковиќ кој и поклони несекојдневен поклон на новиот член во нивното семејство.
Јанковиќ, возач на камион, е од Лештан. Тој за Телеграф.рс откри дека се се случило на 27 ноември кога брат му Милош и снаата Милица се вериле, односно кога отишле да ја земат невестата.
Со оглед на тоа дека дел од коментарите за реакцијата на снаата биле во стилот „а таа не се ни заблагодари“, тој напоменува дека снаата, секако, му се заблагодарила, свесна како и повеќето дека сите останати би биле изненадени од неговиот потег.
-Тоа беше веридба. Сè се случило во нејзината куќа, во Калуѓерица. Отидовме да ја земеме. Го закачив видеото на ,,ТикТок” по седум дена. Не очекував толкава популарност – низ смеа изјави Јанковиќ за Телеграф.рс.
– Таа немаше автомобил и е возач, па решив да и поклонам. Автомобилот е цитроен Ц3 и таа почна да го вози веќе следниот ден – вели Јанковиќ.
Младоженецот не знаел за неговата идеја, односно идејата на брат му Милош. – Снаата едноставно не можеше да знае. Решив во петокот да и го дадам.
Бидејќи не беше пријавен, а веднаш го ставив на нејзино име, мораше да се пријави. Затоа морав да „бе гам“ од веридбата во саботата, кога беше завршена регистрацијата, го донесов автомобилот и го сокрив.
Тој не беше виден од никој. И ги дадов клучевите во моментот кога невестата се даруваше. Секако, мајка ѝ подаруваше по обичаи, а тоа што јас го направив не беше по обичај – се смее Јанковиќ и додава дека само неговата ќерка знаела за ова изненадување.
Да потсетиме, за помалку од еден ден видеото од подарувањето на снаата собра повеќе од 15.000 лајкови, а корисниците на TikTok имаа само пофални зборови за пргавиот зет.
Снаата исто како и гостите останаа во неверување кога го добила клучот. Најпрво со неверување неколку моменти зја паше во деверот, а потоа се прегрнаа. Гостите секако ракоплескаа.