Државата во која живеат голем број Македонци се соочува со недостиг на вода – наделжните воведоа мерки

  • By admin
  • јули 6, 2022
  • 0
  • 417 Views

Поради долготрајната суша и како по следна мерка пред уште построго намалување на водата, општините на словенечкото крајбрежје забр анија наводнување на јавните зелени површини, забранија туширање на плажите и презедоа низа други слични мерки за намалување на потрошувачката.

Градоначалниците на четири крајбрежни словенечки општини, од кои најголема е општината Копер, најавија дека моменталната состојба со водните резерви е кр итична и слична на состојбата што се јавува во години со вообичаено количество врнежи дури на крајот на јули.

Поради оваа причина, до понатамошно известување одлучија да ги затворат сите системи за полевање на зелените јавни површини.

Исклучени се тушевите на сите плажи, како и фонтаните и чешмите на јавни места. Забрането е полевање на приватни градини и миење автомобили, а автомобили може да перат само оние автоперални кои користат рециклирана вода.

Исто така, на комуналните служби им беше наредено да ја намалат количината на вода за полевање дрвја и јавни површини под цвеќињата, а во јавните тоалети беа поставени предупредувања со повици за заштеда на вода.

Исто така, за брането е миење на дворовите и полнење на базените, а се покануваат хотелите и оние кои се занимаваат со приватно туристичко сместување да ги информираат своите гости за состојбата со водата и да побараат од нив да штедат вода.

Според словенечките медиуми, ваква долготрајна суша во областа не се памети од 2012 година.

Како што е познато голем број Македонци живеат и работат токму во Словенија каде што нашата дијаспора е во завидна бројка.

Последните мерки поради недостигот за вода секако се не поволни вести, па ќе мора луѓето што живеат во Словенија да се навикнуваат на новата реалност.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.