Драган смислил начин да заштеди 7.000 евра на греење, а во куќата му е како во фурна: Сите му се смееле, а сега се каат

  • By klaster3
  • август 22, 2022
  • 0
  • 517 Views

Во тек е сезоната на подготвките и набавката на огревно дрво за идната зима. Кој успеал да се снајде, кој се снашол со дрва но не е задоволен од цената, сите некако ма ки тргаме за да не останеме без дрва.

Народот веќе во ништо не е сигурен, со поскапувањето на дрвата, пелетите, струјата, не знаат како ќе го поминат претстојниот зимски период.

Но, затоа, има и иновативни граѓани кои смислиле начин како да се греат, но и да заштедат доволно пари. Такво е семејството Тодорвич од с. Љубиниќ кое за 4 години заштедило 7.000 евра на греење.

Драган – главата на куќата, смислил нешто што може да биде добар водич за другите домаќини кои имаат куќа и двор, објави Обреновац РТВ Маг.

Драган со согласност и поддршка од семејството направил котел со кој ја загрева семејната куќа на биомаса. Во куќата има радијатори како и кај повеќето од нас.

На овој начин домаќинскиот буџет на Тодоровиќ се оптоварува со 20 евра месечно, а домот секогаш им е топол. Драган вели дека прво се смееле и му се потсмевале низ селото.

– Сепак, дојдоа моите 5 минути.. Со оваа цена на огревното дрво сега испадна економски најисплатливо.. Што велат сега? Молчат и голтаат.. – вели Драган и додава дека само петмина од Србија дошле кај него да го прекројат бојлерот и да видат како го направил тоа.

Тодоровиќ се греат на биомаса и единствено што треба да направите, вели Драган, е да ставите бала во бојлерот неколку часа.

Тој вели дека во Војводина видел дека на нивите повеќе нема остатоци од жито и дека луѓето масовно се префрлаат на биомаса. Додава и дека непречено може да загрее 400-500 квадрати и дека на минус 10 во неговата куќа постојано е 25 степени.

Со децата го направи бојлерот за неполна недела и математиката е едноставна, ставаш бала, па лиш со зап алка и готово – една бала 2 часа, две бали 4 часа траат и.т.н.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.