Драган се врати од Америка по 23 години: Мислат дека ни паѓаа пари од небото, а да знаете како живееме ќе замолчите

  • By klaster3
  • април 21, 2022
  • 0
  • 518 Views

Поради економската состојба и условите за живот во текот на 90-тите, голем број луѓе од нашите простори побарале засолниште во странство.

Додека некои се населиле таму, ја нашле среќата и не планираат да се вратат, има и такви кои сонувале да се вратат во својата татковина.

Меѓу нив е и Драган П.(47) кој во 1998 година заминал во Чикаго со некои роднини и таму останал до минатата година, кога со сопругата се вратил во Македонија.

Овој македонски гастарбајтер ни ја откри својата животна приказна, како живеат нашите во оваа прекуокеанска земја, како заработуваат, дали се дружат меѓу себе и зошто на крајот се вратил во својата татковина.

Според него, животот во Чикаго на почетокот изгледал како „живот на друга планета“. Отишол кај роднини и планирал да остане во Америка само неколку години, додека не заработи доволно и не се врати дома.

„Веднаш штом пристигнав, се вработив во фабрика каде што работев физичка работа, а колегите ми беа од разни земји. Бидејќи платата беше мала, а трошоците големи ја продадоа фабриката.

После тоа се вработив како автомеханичар во предградијата бидејќи имав искуство во тој бизнис. Тогаш почна вистинскиот живот во Америка“ , вели Драган. По извесно време запознал девојка и се оженил.

„После неколку години купивме семејна куќа од 100 квадрати со двор. Тоа е дел од Чикаго каде живеат голем дел од Балканците и има дуќани во кои работат наши луѓе.

Таму подобро заработуваш, можеш да заштедиш пари и да испраќаш на семејството во Македонија. Сите обично работат по две работи, не трошат пари на кафулиња и излети.

Секогаш имавме доволно пари за патување, одмор на далечни дестинации, автомобил и убав живот. Сепак, најголемиот дел од парите се трошеа на нашите двајца синови кои одеа на училиште.

Чикаго е убав град, но јас и мојата сопруга никогаш не се навикнавме на него бидејќи американската култура е сосема поинаква од нашата. Американците генерално се незаинтересирани за дружење.

Со моите синови дома зборувам половина на англиски, половина на македонски. Тешко ми е, но свесен сум дека тие пораснаа таму и мораа да се прилагодат.

Ни недостигаа пријателите, родителите, иако таму имавме нова средина. Кога некој од нив доаѓаше да не посети, што не беше често, беше како празник.

Кога одевме во Македонија многумина не гледаа како странци кои имаат пари, на кои сè им паѓа од небо и кои живеат како цареви. Ако кажете дека не е се така идеално, некои не веруваат, други прашуваат зошто не се враќате.

Ако кажам некоја крити ка, веднаш ми коментираат дека немам право од страна да зборувам, ако кажам позитивно, па зошто не сум се врател тука ако е толку убаво.

Пола живот сум таму, половина во Македонија. Сега конечно сум дома и планираме да останеме до крајот на животот“, вели тој.

Обработил: А.Л. Фото: Илустрација

Авторски текст кој не смее да биде преземан без дозвола од редакцијата на Кластер.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.