Драган наседнал гледајќи „Задруга“: Уплатил за куќа, но останал и без пари и без дом

  • By admin
  • октомври 13, 2022
  • 0
  • 506 Views

Драган Сречковиќ, канадски државјанин со српско потекло, кој по 21 година решил да се врати во Србија, бил изигран од компанија за производство на монтажни куќи, што се рекламира на ТВ Пинк, во реалното шоу „Задруга“.

Откако Сречковиќ платил аванс во износ од 1.480.000 динари, компанијата „Пик“ повеќе никогаш не контактирала со него.

– Стапив во контакт со Дијана Стојановиќ од Пик куќа. Отидов во нивната канцеларија во Војводе Мик, каде што разговаравме. Таа ги кажа условите и се договоривме за цена од 420 евра за квадрат и дека треба да се плати аванс од 30 проценти.

Ги контактирав неколку пати од Канада и ми одговорија, но сега кога се вратив во Србија никаде ги нема – ја започнува својата приказна Сречковиќ за Н1 телевизија.

Како што рече, им платил 1.480.000 динари, а на прашањето дали добил некаков преддоговор, Сречковиќ одговорил потврдно.

– Но тој преддоговор беше потпишан само од моја страна, не од нивна страна затоа што рекоа дека прво треба да платам аванс за да го потпишат сето тоа.

Сепак, не добив ништо. Имам сметка на која се гледа дека редовно сум плаќал се – вели Драган и додава дека во ништо не се посомневал бидејќи, како што вели, видел оглас за оваа компанија на телевизија со национална фреквенција.

-Никогаш не ми дадоа име и презиме на некој со кој би можел да контактирам, а телефонот нон-стоп беше исклучен. Им се јавив на телефон, им го испратив последниот мејл на 19 јули, ми одговорија дека треба да им го испратам мојот контакт. Го направив тоа, но никој не одговорил до денес. Им пишав да ми ги вратат парите бидејќи ништо не почитуваа – вели Сречковиќ.

Тој додава дека огласот за оваа компанија го видел на „национална ТВ Пинк“.

– Видов оглас каде оваа компанија е генерален спонзор во „Задруга“. Затоа ги избрав, но погледнете што се случи. Утврдив дека сопственик на фирмата е Петар Станковиќ, кој има 21 година – објаснува Сречковиќ, најавувајќи дека ќе ги преземе сите чекори за да си ги врати парите – во полиција, во с уд, но и во канадската амбасада.

На новинарско прашање како гледа на тоа што второпласираниот учесник во реалното шоу „Задруга“ добил монтажна куќа од токму фирмата што го ограбила Среќковиќ, тој вели дека очигледно тоа било само реклама и дека нема ништо од таа куќа.

Како што истражува порталот Н1, оваа компанија има еден вработен, основана е кога сопственикот имал 19 години, а претходните две години работи со загуба.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.