Др. Пановски: Тешко нас кога премиерот мисли дека вакцинираните десет пати помалку оболуваат

  • By admin
  • август 19, 2021
  • 0
  • 14859 Views

Бројките со корона од ден на ден во нашата држава се повеќе раснат, а дел од новите мерки кои беа донесени ќе важат дури од следниот месец.

Докторот Никола Пановски вечерва на својот профил на фејсбук беше доста активен и сподели неколку статуси, од кои:

Со документ за прележаност која се случила не порано од 9 месеци, Швајцарија го промени на 12 месеци, можете да патувате во ЕУ без вакцинација, кај нас во кафиќ на тераса не смееш да влезеш ако минале 45 дена!!!

Носењето маска на планина и на нива не била толку глупава мерка, секогаш може поглупаво!!!

А претходно угледниот наш доктор напиша:

Го гледам премиерот Заев на Сител. Вели, “Само 10% од позитивните се потполно вакцинирани, тоа е 0,017% од сите вакцинирани. Од 7700 активни случаи 10% се само 77 лица”.

Ете, тој мисли дека само 77 лица се заразиле од вакцинираните. Нема кој да му каже, па и “Цаци” дека 10% од 7700 е 770. Крај на муабетот. Потоа оди тезата вакцинираните се позаштитени од прележаните итн.

Кога ќе најде 770 прележани од 7700 активни да ми пише, нема да најде ни 77 прележани по неговата пресметка на проценти.

Тешко нас кога премиерот мисли дека вакцинираните десет пати помалку оболуваат отколку што пријавува Министерството за здравство и врз основа на тоа донесува одлуки.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *