До лани работел во болница и по 18 часа на ден, а сега го засили Вардар

  • By admin
  • август 14, 2021
  • 0
  • 6043 Views

Екипата на акутелниот македонски прва Вардар ги започна активностите за новата сезона, а на старот веќе остана без една титула, во Супер Купот откако загуби од Еурофарм Пелистер.

„Црвено-црните“ во моментов се во Струга каде ги продолжија подготовките за новата сезона и настапуваат на традиционалниот турнир.

Вардар како што е познато оваа сезона доживеа големи промени во играчкиот кадар, а особено едно име се двои, а причината е државата од каде што доаѓа.

Станува збор за голманот Али Сафар од Кувајт кој реши кариерата да ја продолжи токмув во Вардар. Тој го даде едно од своите први интервјуа за 24ракомет во кое отворено проговори за своето минато, но и за тоа како дошол во клубот.

„Кога им кажав на моите дека ќе дојдам во Македонија да играм во Вардар, малкумина и од семејството и од пријателите знаеја нешто за земјата.

Згора на тоа во Кувајт спортот е како хоби,таму се вреднува училиштето и дипломата. Потекнувам од кралска лоза и јас сум единствениот во моето семејство кој е професионален спортист.

Семејството веќе ми има направено планови за мојата иднина, но јас премногу го сакам спортот и ракометот и не ги послушав. Никој не мипротивречи. Ако нешто сакам, тоа и го правам.Единствено мајка ми ми рече да неодам, но јас се борам за нешто што го сакам.

Тие го слушаат и почитуваат мојот збор, не само семејството, туку и Федерацијата и земјата, затоа што колку и да звучи нескромно таму имам статус на ѕвезда,а сега рејтингот ми е уште повисок поради трансферот во Европа. Сега сум посветен на спортот, но кога ќе вратам дома по десет години ќе бидам министер“ вели Сафар за 24ракомет.мк и во продолжение дополнува:

„Завршив Фармацевстки факултет, затоа што во Кувајт спортот не го гледаат како главна професија, мораш да имаш диплома, да бидешподготвен за она што следи.

Беше напорно, но го завршив факултетот и две години не работев, бев посветен на ракометот. Кога почна пандемијата морав да и помогнам на мојата земја. Ја имав таа не среќа од мојата група колеги сите да се заразат од корона, со исклучок на мене и се случи одреден период да работам за три болници истовремено.

Еден ден работев 18 часа, три смени по шест часа во секоја од трите болници, а потоа имав ден одмор. Многу беше лоша ситуацијата во земјата во тој период. Но, тоа заврши и сега сум комплетно посветен на ракометот“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.