Дневниците на чистачките растат од ден на ден, ако не сакате крпа во рака, спремете се добро да платите

  • By klaster2
  • декември 9, 2021
  • 0
  • 597 Views

Ако некое занимање доживеало експанзија или голема побарувачка, тоа е работа на чистачка или, попопуларно домашна помошничка.

Потрагата по нив е голема. А до пред само една година никој не се бо рел за оваа работа, па не била толку платена, осум часа работа по куќа се плаќале максимум од 150 до 250 на час.

Но, сега ситуацијата е поинаква – час чистење е 500 денари! А ако мислевте дека е скапо, потполно се лажете, бидејќи без да закажете термин, ќе чекате на ред до два-три месеци.

Чистачите и дадилките беа првите кои беа погодени од пандемијата и мораа да седат дома. Сепак, враќањето на старото и отсуството на жени од дома доведоа до фактот дека побарувачката за нив повторно е актуелна и расте.

Сепак, нема доволно проверени, сертифицирани квалитетни и сигурни чистачки на кои ке им го доверите домот или пак ќе им го оставите детето.

Според понудите во огласите, еден час чистење на станот обично се наплаќа околу 500 денари, но може да се најдат и понуди од 300 до 1.200 денари, во зависност од тоа за колку време и колкава површина е во прашање.

Тоа значи дека за просечно работно време од осум часа, жените кои чистат станови можат да заработат над 1.500 денари дневница.

Па секако ако се пресмета за цел месец и ако чистачката биде ангажирана секој ден, тоа би била одлична плата за овие простори.

– Цената секако е поголема доколку станот се средува после фарбање или некоја друга работа. Многу е потешко отколку кога некој ќе ве ангажира да ги пеглате алиштата или избришете прашината и подот.

– Некој бара да се исчистат прозорите и завесите, да се средат бањата, плакарите, како и кујната, а некаде бараат да им зготвам нешто за неколку дена. Сето тоа влијае на цената – изјави белграѓанката Снежана за ,,Ало рс”

Ана Илиќ, која долги години чисти туѓи домови, изјави дека одржувањето на туѓите домови не е лесна работа и дека од тоа не може премногу да се заработи, но дека оние кои сериозно се занимаваат со таа работа можат пристојно да живеат од тоа.

Како што додава, месечно заработува околу 80.000 српски динари, а не си ја наплаќа работата на час, туку има постојани луѓе со кои е ангажирана, па знае што и колку работи.

– За 15 години колку што сум во овој бизнис, сум видела се. Не сакам да зборувам за многу работи бидејќи тоа е интимност на секое семејство.

– Мојата работа е да го правам она за што ме вработуваат луѓето и да молчам. Досега не сум имал непријатни ситуации, фала Богу и се надевам дека нема да има, додава таа.

Исто така таа сподели и своето искуство за тао како имала понуда за месечен надоместок од 500 евра, која ја одбила бидејќи не и се допаѓала жената која сакала да ја вработи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.