Диџеј Мац: Овде во Македонија келнерите земаат повеќе плата отколку медицинско лице

  • By klaster2
  • март 16, 2022
  • 0
  • 606 Views

Марјан Петровски или во јавноста попознат како диџеј Мац е еден од нашите јавни личности кои секогаш кажува се без влакна на јазикот.

Човек кој ги полни клубовите ширум Македонија но и надовр од неа но и човек пред се кој прави многу хумани работи прави хумани дела.

Марјан има учествувано во многу акции за собирање храна, и има пуштано музика на многу хуманитарни забави. Диџеј Матс инаку по професија е лаборант.

Па така во време кога запра музичките настани тој потполно и се посвети на таа професија, а сега откако се олабавија мерките доволно време посветува и на музиката.

Овој пат тој беше гостин во емисијата на ,,Бомбакис” каде отворен зборуваше на сите теми па и за приватниот живот и неговите планови.

– Прво да кажам дека е многу тешко да се посвети исто вниамние и на музиката и на работата што ја работам, односно работата во болница.

– Дневно и јас не знам по колку литир земам од најзначајната течност а потоа одиш на настапи. Еве на пример на настап сум до 4 часот по полноќ.

– Додека да си дојдеш каде и да си низ Македонија ќе те фати најмалку пет ипол. Јас многу малку спијам и фала Богу не ми пречи тоа.

– Потоа веднаш го фаќам велосипедот и правам рути, тоа е моја голема љубов, често споделувам фотографии на социјалните мрежи со него.

– Не размислувам сега за женачка, сето тоа ќе си дојде на свое место, не можам да речам еве во недела ќе се женам не оди тоа така.

– Инаку често настапува и во Шпанија односно во местото Лорет де Мар, каде имаме одлична соработка со еден клуб таму каде при еден настап ми го скандираа името.

– Кога зборуваме за пари, овде во Македонија можам да кажам дека келнерите земаат повеќе плата од нас медицинските лица, вели Диџеј Матс.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.