Во последните 24 часа се направени 4.738 тестирања, а регистрирани се 1.320 нови случаи на вирусот. Нови случаи има во :
Скопје – 604, Куманово – 80, Битола – 72, Велес – 62, Охрид – 60, Кавадарци и Штип – по 44, Прилеп – 43, Гостивар – 40, Гевгелија – 38, Тетово – 29, Струмица – 28, Неготино – 23, Струга – 20, Кочани – 19, Кичево – 18, Радовиш и Берово – по 10, Свети Николе и Крива Паланка – по 9, Ресен, Виница и Богданци – по 7, Делчево, Валандово и Крушево – по 6, Демир Капија – 5, Пробиштип, Кратово и Пехчево – по 4, Македонски Брод и Дојран – по 1.
Регистрирани се 514 оздравени пациенти од:
Скопје – 267, Прилеп – 35, Куманово – 31, Велес – 26, Битола – 18, Кавадарци – 16, Гостивар и Струмица – по 14, Тетово и Кочани – по 13, Валандово – 12, Неготино – 11, Гевгелија – 9, Штип и Ресен – по 8, Демир Капија – 4, Свети Николе, Пробиштип и Виница – по 3, Берово – 2, Кичево, Кратово, Демир Хисар и Дојран – по 1.
Пријавени се вкупно 35 поч инати лица: 16 пациенти од Скопје (89г,87г,82г,79г,76г,72г,70г,69г,69г,68г,68г,65г,64г,62,57,54), 4 пациенти од Битола (78г,68г,65г,63г), 3 пациенти од Струмица (80г,64г,62г), по 2 пациенти од Кочани (71г,62г) и Прилеп (84г,69г) и по едно поч инато лице е пријавено од Куманово (53г), Тетово (69г), Гостивар (79г), Кавадарци (74г), Велес (82г), Гевгелија (34г), Крива Паланка (71г) и Демир Капија (85г).
Направени се 4.738 тестови преку: ИЈЗ-889, ЦЈЗ Скопје-120, ЦЈЗ Битола-102, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-7, лабораторија болница Козле-18, УК Пулмологија со алергологија–7, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–90, Жан Митрев (Филип Втори)-248, Авицена-366, Биотек-431, Систина-305, лабораторија Лаор–429, Синлаб-160, Ремедика-46, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1520.
Досега во земјата се направени вкупно 612.694 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 126.230, бројката на оздравени пациенти е 104.345, на поч инати е 3.642, а бројот на активни случаи изнесува 18.243.
Во исто време забрзано се полнат боличките капацитети и се бара место плус, како во државните, така и во приватните болници.
-5000 евра давама на тој што ќе ми помогне да најдам место, кревет, соба во Систина или Филип Втори (Жан Митрев).
За утре за сега, за најбрзо. Осудете ме колку сакате за ова ова, но за жал во нашата држава само вака знам дека може да се добие помош. Впрочема и само ваква опција ни е дадена.
А мене ми е преку потребна за мојата најмила особа. 075776088. Ве молам споделете стои во апелот на извесен Димитар Стојаноски