Дејан Георгиевски по медалот ќе ја наполни касата: Познато колку пари ќе му даде државата

  • By admin
  • јули 28, 2021
  • 0
  • 4527 Views

Земјите од просторите на поранешна Југославија жнеат медали секој ден и го зголемуваат вкупниот биланс.

Црна Гора и Босна и Херцеговина се единствените кои се уште немаат освоено медал, додека Македонија, Србија, Словенија, Хрватска и Косово веќе се запишаа меѓу лауреатите. Со првите медали стигна и информацијата колку државите во регионот ќе ги наградат своите спортисти за успех во Токио.

Најмногу од сите за златен медал ќе добијат спортистите од Косово дури 100.000 евра, Србија за златен медал дава 70.000 евра, за сребро 60.000, додека за бронза 50.000 евра.

Црна Гора е следна на листата со 35.000 за злато, 30.000 за сребро и 25.000 за бронза. Хрватските спортисти за успех, за злато ќе добијат 27.600 евра, за сребро 17.200 и за бронза 12.200 евра.

Словенците ќе добијат 20.000 за злато, 17.500 за сребро и 15.000 евра за бронза. Следна на листата е Босна и Херцеговина која за било кој медал на своите спортисти што би можел да биде прв историски на игрите би им дала скромни 2.500 евра.

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски освои сребрен медал на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио и стана првиот македонски олимпиец по две децении кој се враќа од игрите со медал, а вчера си обезбеди и доживотна спортска пензија, по што денеска следи нова парична награда.

Владата на Република Македонија на седницата реши да му додели парична награда на македонскиот таеквондист од 1,2 милиони денари, а исто така на неговиот тренер ќе му биде доделена награда од 600.000 денари.

Дополнителна награда за македонскиот спортист доаѓа и од Агенцијата за млади и Спорт (АМС), која ќе го награди Георгиевски со 600.000 денари.

Георгиевски исто така доби и доживотен месечен надоместок, односно доживотна пензија од 1,3 просечни нето плати.

Македонија претходниот медал на Олимписките игри го освои во 2000 година во Сиднеј, кога борачот Могамед Ибрагимов.

Македонската Влада донесе одлука на освојувачот на сребрениот медал на Олимписките игри во Токио во дисциплината теквондо Дејан Георгиевски и на неговиот тренер да им биде доделена вкупна парична награда од 40.000 евра

Дејан Георгиевски, според одлуката, ќе добие 1,2 милиони денари од Владата, дополнети и со 600.000 денари од Агенцијата за млади и спорт. Неговиот тренер Дарко Костовски, пак, ќе добие парична награда од 600.000 денари од македонската Влада.

Сребрениот медал на Георгиевски е досега најголемиот успех во историјата на македонскиот спорт на Олимписки игри од независноста на Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.