Денис Јанкуловски: Психијатрите и психолозите се тука за нас, побарајте ги – ве чекаат

  • By admin
  • јуни 3, 2022
  • 0
  • 311 Views

Партии, ко рона, во јна, мајмунски или свински, бо еви глави. Имаш мака, се чувствуваш беспомошно, ти личи безизлезно, бараш начин како да го пребродиш а мислиш дека се подлабоко тонеш.

Бараш спас, бараш а некако не иде, го нема. Притиснат од секојдневните проблеми, скапотија, беспарица, секој ден цените угоре, до вчера 200г денес ни 100 не можеш да си дозволиш.

Деца мали или големи, едните и другите имаат свои потреби и побарувања. разбрани се, гледаат дека нема но тебе срце те бо ли и ти се ки не што не можеш да им приуштиш не некои незамисливи задоволства туку нешто основно, затоа што толку се парите.

Тековните трошоци за струја, вода, парно растат, тебе платата одамна ти стои во место. Брачниот партнер работи но платата доцни или е стечаец, или не работи.

Каде попрво? Кому? За што? Режиските се основни, секако, ама си викаш, ај овој месец водата ќе ја скокнам, па еднаш децава побарале нешто. Толку е, заглавуваш и одглавување нема.

Нер воза, пан ика, лична но и семејна. Диаз епамче, лекс илиумче, нешто за смирење. Не ти е првпат, се почесто, до лани двојка денес се фаќаш како е петка, те фаќа стр ав дека десетче е на пат.

А проблемите си се таложат како на филмска лента. 30 години тре заеба ваат на работа, та оние со лавче, та оние со ружа, сеедно, ајде сега ќе биде решењето. Никако да дојдеш на ред. Во кор оната изгуби некој близок, даде мнооогу пари за лекови. Заглави и тука.

Читаш, слушаш вој ни, уби ства, вир ус ваков и таков, заврши едно луд ило почни друго, готово е, крајот е тука. Кај да е пуф и пант. Се чувствуваш немоќен, без енергија, „мр тов“.

Те побудалеа сите, стручни лица и сРучњаци, не знаеш каде патот да го фатиш. Се прашуваш дали не е ова само еден лош филм, ко шмар од кој сакаш што побрзо да се разбудиш. Се будиш ама тоа е реалноста, за жал. Мислиш вака ќе е до крај.

Но.Мораш да најдеш начин како да се одржиш, како да бидеш свој комплетно за себе затоа што само така и на тој начин ќе бидеш функционален и од полза на своите.

Батали ги диа зепамите и сличните апој или барем обиди се, пробај да си го најдеш вентилот преку кој ќе го исчистиш телото, физички и умствено. Пробај, направи промена.

Да, знам, личи едноставно нели, лесно е да се каже, не е тоа плукни залепи, но не е неизводливо. И не е бесцелно. Шетање во природа, слушање на музика, што помалку вести и социјални мрежи и разни пАртали кои те збу далуваат, дружење со пријатели, насмевки со своите, што повеќе време со своите се многу подобри леко ви од хемиине.

И не е срамота да се обратите на некое стручно лице за помош. АКо одите на психијатар вие не сте бо лен, не сте ненормален, вие сте само ра нета душа на која и треба човек што знае како.

Тие се тука за мене и тебе, за сите нас. Во ред, ќе речеш немам бе пари откај да си дозволам приватно, но има и државно, со упат. Но има многу од сите тие приватни и државни кои ќе те ислушаат и без пари, знам. Само треба да ги побараме, да им се обратиме. Не е срамота да побараш помош.

А верувај дека откако ќе те ислушаат, прво тебе ќе ти биде полесно (не дека одма ќе ги решиш проблемите, тоа да се разбереме), но во тие разговори заеднички ќе дојдете до идеја како и каде да промените.

Прво промената кај вас, во себе ќе започне. Таа промена позитивно ќе влијае и на вашите најблиски. Кога ќе ве видат порасположен, кога ќе видат иницијатива, одма е подруго.

Не дека преку ноќ ќе се збогатите, не дека ќе паднат цените или ќе ви зголеми платата. Туку вие ќе сте посмирени, со тоа поефективни и полека ќе дојде до подобрување, прво во односите со оние кои ви се најваќни, вклучувајчи ве и себе секако, а потоа гарант и ќе ви се подобри материјалната состојба. Само верба во себе, верба во своите можности.

А можете, не ви е диазепамчето спасот. Самите сте си спас. Пак ќе кажам, психијатрите, психолозите се тука за нас. Побарајте ги, ве чекаат. Знаат дека имаат и ќе имаат премногу работа, ама сакат да помогнат. Знам доста од нив кои се 24/7 за нас.

Баталете апој, колку што можете, не дека не ни се потребни, ама барем на минимум нека се сведени.

Можеби ви личи утопија, неизводливо, можеби некој ќе си рече, аман бе што глупости изнапиша, ама еден кој ќе го прочита ова и ќе си рече – ај да пробам……. е тоа е веќе голем успех.

Гуш и бац од Космонаутко кој не се срами да каже дека се почувствувал како притиснат во менгеме, разговарал со пријателка психијатар и сега е Насмеанко – напиша Денис Јанкуловски на својот профил на фејсбук.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.