Дејан Ѓуричиќ во Срем е познат како Деки Гурманот. Овде е легенда, а за некои и реклама. Има 54 години, 177 килограми и незапирлив апетит.
Кога нарачува, само вели: „нешто убаво, нешто посилно. И најдобро од сè од оваа страница од менито целата да ми ја донесете“.
Најмногу му пречи да чека многу долго за јадење кога е гладен. Како што вели нему не му е проблем да меша благо па солено.
Ѓуричиќ успеал да проголта 120 ќебапи за нешто повеќе од еден час, додека јадел полека и со задоволство, и вели не му е проблем.
– Најмногу ми пречи кога ја чекам храната долго. Не ми пречи да јадам прво сладолед или некоја вафла па потоа започнува и делот со специјалитетите, вели тој за ,,Прва рс”
– Во еден ресторан седевме со мојот пријател и јадевме еден специјалитет но во него имаше многу лута состојка, многу луто ми пречи.
– Па морав да барам спас, и му реков на тој што ме служи да донесе 20 кугли сладолед и така ја угасив таа лутина во мене.
Тој пред некој период имаше натпревар и со своите противници гастрономи кој имаа за цел да изедат што е можно повеќе ќебапи, а Деки изел 120.
Инаку Дејан се занимава со одгледува на ретки раси на кучиња а во младоста бил и спортист но незгодата му ја завршила прерано кариерата.
– Се бавев и со бодибилдинг имав добри резултати, но една пов реда ми го смени целиот тек и така од тогаш секоја година покачував по 5 килограми.
– Јас кога ќе отидам дома и ако не јадат сувомеснати производи јас неможам да заспијам. Па затоа секогаш се обезбедувам со храна навремено.
– Јас и Дејан се познаваме скоро 20 години тој секогаш доаѓа кај мене и за него го спремам најубавото месо овој крај е познат по тоа, вели месарот Зоран.
– Имам специјална лажица која ми е среќна со неа исклчиво сечам сарми и јадам чорби, вели за ,,Прва рс,, овој гурман од 177 килограми.