Девојчето Руби од Австралија на свои шест години сама си купи куќа

  • By klaster2
  • април 13, 2022
  • 0
  • 467 Views

Она што за многумина е еден од најтешките подвизи во животот, а се вели дека ќе биде уште потешко, шестгодишно девојче од Мелбурн успеа да го направи многу пред време.

– Јас се викам Руби, имам шест години и штотуку ја купувам мојата прва куќа – изјавила девојката за австралискиот ,,7Њуз” додека нејзиниот татко ги завршувал документите.

Кем е експерт за инвестиции во недвижнини и рече дека секое негово дете заштедило по 2.000 долари кои ги заработиле преку домашните обврски.

Парцела со недовршена зграда чини 671.000 долари и нејзината вредност треба да скокне уште повеќе. Впрочем како и секаде во светот.

– Откако го купивме, вредноста на куќата скокна за 70.000 долари, па веќе направија мала добивка и јас сум горд на нив – додал таткото Кем Меклелан.

Планот е да се почека до 2032 година и потоа да се продаде парцелата, со што дотогаш ќе се удвои нејзината вредност на пазарот.

– Планирам да продолжам да ги учам на овој бизнис, веќе им направив план според кој ќе можат успешно да се занимаваат со инвестиции во недвижнини, а добивката ќе треба да ја делат за првата куќа – се пошегувал нивниот татко.

Многу родители во Австралија се загрижени дека нивните деца нема да можат да го прават истото како Руби. На овој континент цената на просечна куќа со плац е околу еден милион долари.

Само минатата година цената на недвижностите скокна за цели 19,5 отсто, што е сосема спротивно од очекуваното огромно мнозинство експерти.

Ниските каматни стапки предизвикаа недвижностите да станат подостапни во време на слаба економска активност, па тогаш логичниот одговор на пазарот беше цените да скокнат.

Регулаторите, како што е австралиската ,,Арпа”, ќе интервенираат додека цените не се вратат на оптимално или барем додека не престане овој голем раст.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.