Двајца македонски студенти на работа во Германија во неизвесност поради претходна посета на државата

  • By admin
  • август 15, 2022
  • 0
  • 365 Views

Традиционално голем број студенти од Македонија во летниот период заминуваат на сезонска работа пред се во САД и Германија.

Во најголем дел тоа е за период од три месеци во кој студентите си обезбедуваат пристојна заработка кој и тоа како ќе и дојде во текот на годината.

Во фејсбук страницата Германија – Амбасада, Работа, Смештај, Документација за сите и студенти се огласи члено кој ја објасни ситуацијата во кој е тој и негов другар и побара мислење и помош.

Почитувани членови, Имаме пр облем во врска со 90 дена во ЕУ. Се работи за двајца студенти кои во месец мај беа во Германија туристички 1 недела и потоа добивме дозвола за работа од 01.07.

Пристигнавме во Германија на 30.07 и почнавме со работа од 01.07. Прашањето ми е каде да се обратам дали смееме да ги седиме сите 90 дена од додека ни важи работната дозвола од ЗАВ или мора порано да си одиме.

Од работа ни рекоа во Оштина да прашаме, во општина ни рекоа да одиме во Аусландербехорде, а па таму ни рекоа да прашаме во Полиција а полицијата ни вика дека во Аусландербехорде ќе дадат точни информации.

Бевме повторно во Аусландербехорде и таму чекавме и ни рекоа дека врз основа на дозволата за работа може да се седат тие денови во Германија ( сите 90 дена) и повторно ни кажаа одете во Полиција таму најточно ќе ви кажат.

Пишувавме маил до Бирото со скенирани пашоси и до полицијата но никаков одговор немаме назад. На калкулаторот ни вади сосема друг датум, а тука ни викаат дека имаме право да седиме.

Ве молам без глу пи коментари и за помош, бидејки мора да кажеме со време на работа ако треба порано да си одиме. Извинете за долгиот пост и Ви благодарам однапред.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.