Дарко Јефремов по посетата на Њу Мексико: Исто ко на времето у Кочани на панаиро кога идев

  • By admin
  • октомври 7, 2021
  • 0
  • 926 Views

Дарко Јефремов, попознат во јавноста како Дарко Влогс е македонски камионџија кој живее и работи во Америка, а во исто време е инстаграмџија.

Тој во меѓувреме се ожени, па со својата сопруга птува и работи со камионото и го истражува континентот, а објави и еден интересне пост:

Како за прв пат идење во местото што стално сум го гледал по филмови каде има маф ија, кид напирања, итн, Ново Мексико, на инглиш по убо звучит, New Mexico и градот Албакурки.

Ваљда така треба да звучи на нашки од Albuquerque, каде што се снимаше мега-ултра-добрата серија breakingbad (мора да ја изгледаш) да преминам на муабетот:

Како за прв пат идење, стварно е такво ко на филмовите, пустелија со тек тук жбунче, некое дрвце, ранчови со воловии крави.

Да смрдит на некој места автопато да неможи да се диши од ранчовите, но сепак вожњата беше преубава со широк автопат и само право едно 800 км.

Застанавме на една Rest Area и направив неколку слики и видеа. Имаше еден напуштен искршен пиКап Трак, со се мотор на него у добра состојба, одма ми се вклучи македонскиот🇲🇰 инстикт.

Зошто никој го нема укр адено моторот ? Хммм колата изгледаше ко да е подолго време таму, и на пролазно место кај што врват луѓе…

Сепак на крај папучите ми се напунија трња, исто ко на времето у Кочани на панаиро кога идев, такви беа боцките ..

Како за прв пат, превозбуден бев да гледам дел од Америка каде што тревата е неискосена, заборавени бензински пумпи и да ми е страв да не се деси нешто со Фросина, кој знае каков карактер ќе застанеше да ми помогне…

Ова се првите впечатоци, но дали низ цело Њу Мексико е бетер од Тетово и што све ќе видиме деновиве, останува да видиме, затоа зедовме тура до тука затоа што и ние и вие имате право да ја знаете Вистината‼️

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.