Дарио, синот на легендарниот македонски ракометар, избран за најдобар во Австралија

  • By admin
  • јули 28, 2022
  • 0
  • 466 Views

Еден од најдобрите македонски ракометари, легендарното лево крило Стевче Алушовски во моментов работи во Исланд каде е тренер на Тор Акурејри.

За него е познато дека е роден во 1 октомври 1972 година, во Сиднеј, Австралија, но набргу на рани години со семејството се враќа во Битола, од каде што потекнува неговото семејство. Во Битола ги завршува основното, средното и високото образование.

За Македонската ракометна репрезентација одиграл 215 натпревари и учествувал на повеќе Европски и Светски првенства. Најзапметени ќе останат неговите решавачки голови и асистенции на Светското првенство во Хрватска во 2009, на натпреварите против Полска и Русија, по кои Македонија се пласира во втората фаза.

За разлика од својот татко, синот Дарио реши да биде голман и веќе тоа доборо му оди откако кареирата ја продолжи далеку од Македонија.

Поточно замина во Австралија, државата каде што е роден неговиот татко. 24 годишниот голман во Македонија настапуваше за екипите на Металург, Работнички, Прилеп, Металург РА и Аеродром.

Македонија имаше претставник на клупското првенство на Австралија и Океанија во голманот Дарио Алушовски, кој брани за тимот на Канбера.

Младиот голман, кој е син на поранешниот репрезентативец на Македонија, Стевче Алушовски, бранеше во одлична форма и заслужено го доби признанието за најдобар голман на турнирот.

Клупското првенство на Австралија и Океанија го освои тимот на Сиднеј Универзитет со триумфот над Квинсленд од 26:21 и обезбеди место на Супер Глоуб.

Во натпреварот за третото место, тимот на Дарио, Канбера, направи изненадување и ја совлада екипата на УТС со два гола разлика, 20:18.

Алушовски со три интервенции во клучните моменти на својот тим му донесе бронзен медал. За потсетување Дарио беше член и на младинската репрезентација на Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.