Данка од Зрновци: За да не трпат козите, качувам вода по угроница и по десетици метри зошто ја нема

  • By klaster2
  • ноември 15, 2021
  • 0
  • 322 Views

Данка Илијева од селото Зрновци секој ден носи по десетици литри вода на блискиот рид, каде што се наоѓа нејзината фарма со 60-тина кози.

Таа ја одгледува стоката како од пред неколку векови бидејќи хидромелиоративниот систем Калиманци е сериозно оште тен, а во делови од Зрновци воопшто нема водоснабдителен систем.

– Имам една голема туба во која можам да донесам вода, па така морам да се враќам по неколку пати, потоа се враќам уште еднаш да донесам вода за машината за молзење да ја измијам и неа.

– Што остане од тоа им давам на козите, и не донесувам повторно бидејќи е многу тешко на угорнината да донесам 25 литри вода, вели Данка за , „Разбистри.се”

– Морам да донесам неопходно е, козите не толку бидејќи тие пијат каде ќе најдат горе, ако нема ќе трпат, има некој не сакаат да пијат од реките.

– Тие сакаат да пијат чиста вода, но јас неможа секогаш да им донесам чиста вода од чешмата, мора некако да изнајдеме решение.

Преку проект селото има обезбедено технички исправна вода која преку цевки се слева во околинте ридови, но во сушни години како последниве овој систем нема вода.

– Сега е голем проблем бидејќи оваа година е сушна година, имавме овде вода и убави извори но сега ситуациајта е поразлична, додава Данка.

Во Зрновци минува хидромелиоративниот систем на Калиманци, но многу често тој лев канал кој поминува таму е слабо функционален.

Често се случува да нема вода или да има огромни губитоци на вода токму поради тоа што каналот на многу места е оштетен.

Дури и делови од селото немаат воопшто никаков достап до вода. Решението е да се воспостави систем кој ќе биде достапен и за наводнување и за пиење.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.