Младиот 22 годишен Даниел Дане Биорац се искачил на Голија пред шест години и долго време живееше сам на планината, опкружен со природа.
За Дане Биорац кој се населил во Голија пред шест години се снимаше емисијата. Истата откако ја гледала Кристина од Сараево, дошла на планина и го родила малиот Јован пред два месеци
Телевизија Курир пред една година ја допре јавноста со репортажа за ова момче родено во Нови Пазар, а авторите за тој придонес беа наградувани на бројни фестивали. После тоа на големо се пишуваше за него, се снимаа емисии. Стана најпознатиот српски планинар.
А Кристина, сега негова животна сопатничка ја гледала емисија во својот дом во Сараево. Таа сега има 19 години, а пред една година, штотук полнолетна се спакувала со некои работи и се упатила кон Србија. Таа пристигна во Голија и решила да остане. Таа се породи пред два месеци.
– Син ми го крстив Јован, бидејќи куќната слава ми е Свети Јован. Кога се роди први ми честитаа комшиите кои воопшто не живеат блиску, туку дојдоа кај мене.
Со нас беше и семејството на Кристина. Ние сме многу среќни! Најважно ми е што породувањето помина добро и бебето и жената се добро – вели скромниот млад човек за Курир. Судбината го спои со Кристина, вели тој.
– Долго време живеев сам. Ме виде во емисија, дојде да се запознаеме и беше тука три дена. Потоа отидов да се сретнам со нејзините родители, а набрзо таа забремени.
Се пла шев дали се ќе биде во ред бидејќи ни е прво дете. Свесен сум дека не можеме така лесно да стигнеме до лекар, но барем имаме струја – вели Дане и додава дека сега мора почесто од порано да оди во град:
– Порано не морав да се симнувам од планина во град два месеци, понекогаш и подолго. Тогаш одев само да набавам намирници. Сега морам да одам еднаш неделно затоа што ни требаат пелени за бебето, храна, влажни марамчиња, крема…
Финансиски ми е малку потешко од порано,тогаш ништо не ми требаше, морав само да јадам и да преживеам, но бебето е друга работа. Но, јас се снаоѓам, продавам добиток, косам, работам земјодели. Работам по цел ден, како порано – вели ова момче. Тој додава дека сега има само пет-шест овци и 20 говеда.
Дане Биорац вели дека многу полесно работи со оглед на тоа што имаат струја, но и дека многумина го користат тоа што тој има дете.
-Немам често контакт со пари, ретко нешто продавам. Но, порано кога продавав стока имав добра цена за нив. Сега некои го користат тоа што знаат дека треба да заработам пари за детето, па неќат да ја платат вистинската цена, туку помалку.
Тие знаат дека немам каде да одам, немам пари, а ни требаат пари за бебето. Сите се во кри за, но изгледа некои се спремни да го искористат тоа што имам бебе и знаат дека ни е потешко бидејќи треба да му обезбедиме се – вели младата планинарка.
– Продадов многу овци затоа што ми требаа пари за да ги посетам сите институции и да ги земам сите документи за да не и плаќаме на докторката и кога ќе се породи, бидејќи немавме пари за тоа. Но, не се жал ам, овие овци ќе се размножуваат, важно е детето да е живо и здраво – вели планинарот.
Вели дека тој и Кристина би сакале да имаат уште деца.
– Ќе почекаме Јован малку да порасне. Во Голија не може така да се финансира, пари се потребни за децата. Но, дај Боже, ќе има уште.