Даниел Кајмакоски пред неколку моменти се огласи од болница – има само една молба

  • By admin
  • април 18, 2021
  • 0
  • 21896 Views

Голем број медиуми вчера и во текот на денот пишуваат дека во скопскиот Клинички центар завчера завршил пејачот Даниел Кајмакоски откако му се сло шило по средба со поранешната сопруга. Тој случајот го пријавил на полицијата бидејќи се сомнева дека таа му дала кафе во кое имало нешто.

Полицијата го потврди случајот и соопшти дека на 16.04.2021 во 13,00 часот во Полициска станица Центар од Комплекс клиники „Мајка Тереза“, било пријавено дека кај нив бил примен Д.К.(38) од Струга.

-По негово кажување додека бил во парк во Тетово, заедно со неговата поранешна сопруга (25-годишна жена), таа му дала кафе во кое што, според пријавеното, биле ставени.

Жената била повикана во полициска станица Тетово при што ги негирала тврдењата на пријавителот и изјавила дека имале средба со Д.К. за да го види своето дете но воопшто не пиеле кафе.

Додека траела средбата, според нејзино кажување, на Д.К. му се слошило, а таа за настанот го известила и Центарот за социјални работи. Известен бил Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот – велат од МВР.

Пред неколку моменти на социјалните мрежи се огласи Даниел Кајмакоски кој потврди дека е во болница и притоа замоли:

На сите мои пријатели и фанови, сакам да им се заблагодарам за грижата и поддршката. Трет ден сум во болница.Би ги замолил медиумите за разбирање, како и да не објавуваат непроверени информации.

Да оставиме надлежните органи да си ја вршат својата работа согласно законот за расчистување на случајот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.