Давор Јордановски е светски музички патник роден во Скопје, пораснат во Либија а изнаработен во Канада, а потоа открива зошто решил да се врати во Македонија
– Израснат сум во Либија, таму учев италијански и француски. Како дете ме однеле мојте не сум имал право на избор во то време.
– Во тогашна Југославија имало размена на кадри, помеѓу тие две земји и така изучив одреден степен на училиште а мојот брат е роден таму.
По враќањето во Скопје Давор се посветува на музиката: Започнав во бендови на свои 15 години, па некој рок бендови исто така свирев и со ,,Меморија”
– Имав соработка и со Тоше Проески како и со Григор Копров, со кој работевме на неколку композиции, вели Давор пред камерите на ,,Зевзекманија”
– Бев и на ,,Евровизија” со ХХЛ додава Давор кој во 2000 година заедно со неговите родители и брат заминуваат во Канада, односно Торонто.
– Таму продолжив со музиката свиревме низ цела Америка, Канада како и Европа, најпознатата музичка ѕвезда со која што сум работел е Шанајан Твејн.
Но покрај сите убавини ова семејство се решило да се врати: Лани летото решивме да ги спакуваме куферите и да се вратиме дома
– Најмногу се решиве да дојдеме поради тоа што мерките таму беа по стегнати во однос на вирусот па тука дојдовме по некоја поголема слобода.
– Мислев овде да истерам едно лето и толку, но ми се допадна. Сепак дома си е дома, вели овој музичар и татко на две деца Кристијан и Лина.
– Овде сите ми велат бегај од овде спаси се, но јас не мислам така, треба да шириме повеќе позитивна енергија, вели Јордановски.
– Канада е доста спокојна земја, ако се случи таму некоја не згода, тие таму се извинуваат едно 15 минути еден на друг.
– Просечната плата таму е некаде околу 2.500 долари, а фрижидерот ќе го наполниш со 500 долари, сите живеат од кредити. Од кредит во кредит.
– Во Канада децата од помлади години си подработуваат, откако ќе наполни 16 години бара работа и вади солиден џепарлак.
– Овде во Скопје има многу смет, отпадоци насекаде може да видите, но можам да кажам дека во Центар има повеќе канти за отпадоци отколку цел Торонто.