Поранешниот прославен ракометар а сегаше стратег на ракометниот клуб Вардар Давид Дејвис Камара веќе неколку години со мали паузи живее во Македонија.
Најпрво откако ја заврши својата богата кариера како играч од Атлетико Мадрид тој дојде во женскиот колектив на Вардар каде беше дел четири години.
Потоа следеше трансфер во Русија, па Египет како главен тренер со кој направи низа успеси а потоа унгарската гордост Веспрем.
Па така по пауза од пет години Давид Дејвис се реши да се врати во Македонија и тоа како главен тренер на машкиот колектив на Вардар.
Дојде кога најмонгу му требаше на клубот и успеа да го подигне на едно подобро ниво, а сега е и пред промоција на старо- нов шампион на државата.
Овој пат човекот кој донесе многу радости на македонскиот ракомет и кој беше дел од низа успеси беше гостин во емисијата Г- Карпет.
Тој отворено зборуваше за животот во Македонија, за неговите почетоци, кариера, семејството и за тоа како се снаоѓа во Македонија.
– Јазикот го учев скоро две години, и се уште го усовршувам, секако морав да посетувам часови бидејќи тешко се постигнува без тоа.
– Овде сме навикнати, не се двоумев кога пристигна понудата од Вардар, го знаев градот и знаев што може да ме чека и дојдов без многу размислување.
– Има многу сличности помеѓу македонците и шпанците. Ние сме народ што повеќе јаде риба. Сепак животот во Македонија е многу убав.
– Кога сум слободен го посетувам Водно, како и матка, до душа моето семејство повеќе е посветено на шетањето, вели шпанскиот стручњак.
– Не знам дали ќе останам и наредната сезона во Вардар. Треба да седнеме и да разговараме убаво па ќе видиме што ќе се случува.
– Македонскиот јазик впрочем е лесен, бидејќи како читаш така пишуваш, за разлика од унгарскиот јазик каде што доста имав проблеми.
– Најмногу што јадат можам да ги издвојам Столе, Недановски и Лосерт, додека пак најмалку јаде, односно како птичка Дибиров.
– За нај спанко би го издвоил Валчак, кој на секој тренинг вели зошто е толку рано тренингот. Нај дрз ок на натпервар е Оливие Њокас и Столе.