Давид Давидовски: Јас сум ѕвезда, не знам да отпеам ниту два збора а имам понуди за настапи

  • By klaster2
  • ноември 16, 2021
  • 0
  • 710 Views

Од неодамна во македонската естрада се појави младиот Давид Давидовски, кој е воочлив со својот стајлинг и зборување без влакна на јазикот.

Неговите ставови на одредени теми, и отворено кон некој јавни личности, овој пат тој беше пред објективот на „Бекстејџ“ и во свој стил одговараше.

Се опробувам во пеењето, идол ми е Јелена Карлеуша со тој специфичен настап и изведба, на нашата естрада не му треба некој што се родил со опинци.

– Не треба на естрадата да има некој што нема вокабулар, е тежок сељак и глуми нешто, такви не треба да има на естрадата вели Давид за „Бекстејџ„

– Од нашата естрада можам да го истакнам Слаткаристика кој иако не е мој стил има убав специфичен стајлин и Боби Павловски мојот омилен.

– Мене многу сакаат да ме копираат, многу луѓе, баш еден сега не ми текнува како се викаше го гледам сака да ме копира и да настапува како мене но тоа не може, вели Давидовски.

– Живееме во време каде што секој што сака може да биде пејач и да прави песни, јас лично незнам да отпеам два тона, но имам понуди за настапи.

– Но хонорарот не ми е доволен бидејќи мојот „аутфи“ и стајлинг е многу поскап, па ќе размисалм добро, ако сум интересен и баран.

– Мојот настап би бил невиден во Европа, ќе биде спектакл, но во понудите за настап во кафеани тоа не би можело да се оствари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.