Артан Груби, првиот вицепремиер во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 окри дека му се јавуваат луѓе кои му нудат вакцини, а таков пример е вели и денешниот каде луѓе од Германија му понудиле дури 5 милиони вакцини.
„Секој ден ми се јавуваат луѓе за вакцини. Денес ми се јавија луѓе од Германија да ми понудат 5 милиони вакцини. Се јавуваат и од други земји. Сум имал контакти со доста луѓе.
Ова станува трговија веќе, што не е добро. Јас не верувам во нарачки надвор од официјалните процедури. Ова е глобална пандемија. Затоа, да почекаме уште малку и вакцини ќе има“, порача Груби.
Груби посочи дека денес разговарал со министерот за здравство Венко Филипче и го известил дека на почетокот на месец април, ќе пристигнат 800.000 вакцини од Ковакс системот и 200.000 од Кина во наредните денови.
„Со Фајзер сме во постојана комуникација, во процедура сме и со Спутник, има директни контакти, правиме напори да ги обезбедиме што поскоро вакцините.
Комуникацијата оди преку Филипче и премиерот Зоран Заев. Планирани се вкупно 1,2 милиони вакцини, пари за тоа има“, изјави Груби вечерва во „Click Plus“ на ТВ21.
Вицепремиерот Артан Груби вели дека неговото присуство на 40-годишнината од формирањето на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ е добар знак за напредок. Како што порачува тој, време е за помирување.
-Мораме заедно да одиме напред. Очекувам истото да се случи од македонските политичари во некој од нашите настани, на Албанците. Заев ми вети дека во редовите на единицата „Тигар“ ќе бидат вработени и Албанци, и тоа е добро, покажуваме дека државата е заедничка на сите што живееме тука – изјави Груби на ТВ 21.