Груби: Од Табаноце до Ќафасан, сите патокази се и на Албански јазик

  • By admin
  • февруари 12, 2021
  • 0
  • 839 Views

Коридорот 8 ќе ја рефлектира јазичната еднаквост во државата, изјави денеска првиотвицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците – Артан Груби, приувидот што го изврши во замената на старите еднојазични со нови тријазични патокази, заедно
со со директорот на „Македонија пат“ – Беким Мемети, директорот на „Државни патишта“ – Ејуп Рустеми и директорот на Агенцијата за спроведување на јазикот – Илбер Села.

Новите патоказни табли се напишани на македонски, албански и англиски јазик. Како што истакна Груби, на последната владина седница била усвоена одлуката со која Коридорот 8 се решава во форма на автопат во целост, при што ќе вклучува и трета лента на автопатот на
патот Тетово-Гостивар, како и изградба на автопат од Гостивар до Кичево, автопат од Кичево до Охрид и Охрид-Струга-Ќафасан.

Според вицепремиерот, тоа ќе значи дека нашите граѓани, од Ќафасан до Блаце со Република Косово или до другите граници, ќе се возат по модерен автопат, а модернизацијата и реконструкцијата на Коридорот 8 ќе бидат од особено економско и значење за регионалното поврзување и соработка.

Воедно, со тоа продолжуваат и инвестициите во насока на подобрување на квалитетот на патната мрежа и зголемување на безбедноста, во согласност со правилата на ЕУ, истакна Груби.

Во меѓувреме, тој се пофали и со видео (додуша еднојазично) на Фејсбук:

„Еднаквост и во коридорот 8. Од Табаноце до Ќафасан, сите патокази се и на Албански јазик. Сѐ се постигнува преку меѓуинституционална соработка. Ги остваруваме нашите ветувања“, напиша Груби.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.