Гроздан до оние кои го исмеваа него и синот: Да, земјоделец сум, одам во валкани и парталиви алишта ама за вас сум господин

  • By admin
  • август 12, 2022
  • 0
  • 526 Views

Од година во година се повеќе се намалува бројот на луѓе кои се занимаваат со земјоделие, а воедно возрасната граница се зголемува на земјоделците со оглед на тоа што се помалку млади се одлучуваат да тргнат на овој пат.

Сепак општо познато е дека македонската почва е плодна и со добра работа може да се извадат плодови кои подоцна од продажва се вади егзистенција.

Еден таков пример е Гроздан од југоисточна Македонија, човек кој долги години се занимава со земјоделие, а сега реши да испрати порака на оние кои го исмеваат него, но и неговиот син.

„Често во медиумите може да прочитате како јас така и вие дека земјоделците се не задоволни, дека постојано нешто не чини, дека нема леб од мотика и слично.

Но на старт веднаш ќе кажам и сето ова ќе го поречам, тргнувајки од моја гледна точка и од мое лично искуство. Со земјодели се занимавам уште од мног мал. Ако кажам дека од 9-10 години сум на нива нема да погрешам.

Љубовта кон земјата ја наследив од моите родители, а со текот на годините како растев така полека но сигурно се ориентирав дека тоа ќе биде и мојот животен пат.

Од земјоделие моите родители како мене, така и братот и сестрата не израснаа, одгледа, школува, ни оставија куќи, нива, механизација.

Јас едноставно живеам и се посветив на земјоделието од кое во Македонија и тоа како добро може да се живее. Да добро прочитавте. Со посветена и одговорна работа се може се.

Одгледувам јас пипер, бостан, домати, грав, житни култури, имам овошни насади. Работа има и тоа како, но на крај кога ќе се соберат плодовите и кога ќе се види есапот се доаѓа до заклучок дека и тоа како вреди.

Е сега да се осврнам на она за што и сакав да говорат. Се повеќе слушам и сум сведок како многу луѓе мои, блиски, соселани се потсмеваат со мене. Ама ајде си велам што сакат нека прават. Но во последно време започна и синот да го исмеваат.

Му велат види го татко ти, небањат, калив, во валкани алишта. Вози трактор или качен на мотор со кофи и чизми до колена – едноставно сељак.

Да таков сум, колку сакат нека се потсмеваат тоа, ама за дел од нив, поточно поголем дел сум господ, а зошот сега ќе ви кажам.

Јас со мојата работа вртам фамилија, куќа изградив, купив мотор, купив автомобил, изградив викендичка, можам да си дозволам да одам на одмор јас и фамилијата, детето исто така има што ќе посака. Немаме кре дити, од финаниски аспект сум си добро ситуиран.

Чесно и поштено си работам и секој денар знам од каде ми е и како е запечален, не сум должен на никого и немам обврски кон никого.

Не се молам по партии и штабови да ме вработа на државно и да работам за некое платиче и да сврзувам крај со крај и да барам на заем по луѓето.

Плус сам сум си свој газда, нема над мене некој што ќе директорува и шефува, да ми виси на глава. Мирот и спокојот нема цена. Ете затоа сум господин за нив, така наречените граѓани.

Обработил: С.Л. Фото: Илустрација.

Авторски текст кој не смее да биде превеземан или реемитуван без дозвола од редакицјата на Кластер.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.