Граѓаните во Германија поради вирусот во добивка од 1250 евра

  • By admin
  • април 22, 2021
  • 0
  • 3180 Views

Одредбите во Германија се јасни (иако ретко кој може да ги разбере): прво минатата пролет, а сега од пред Божик, право да работат имаа само продавниците за храна, аптеките и киосците.

Имаше многу проблеми за од неодамна со работа да почнат фризерниците и берберниците, како и продавниците за цвеќе и книжарниците, но главно сите други трговци треба да се снаоѓаат за некако да ја продадат својата стока: на пример, со нарачка преку интернет и достава на влезот во продавницата.

Интернет-продавниците како Амазон можеби можат да ѝ подигнат споменик на пандемијата на коронавирус поради неочекуваниот рекорден профит, но на Германците, сѐ на сѐ, едноставно им здодеа да се малтретираат и да купуваат што и да е.

Институтот за германска економија (ИВ) во Келн пресмета дека граѓаните во просек потрошиле околу 1.250 евра помалку за сто ки за широка потрошувачка.

Потрошувачката на граѓаните е за 6,1 проценти пониска отколку во 2019 година, што е најголем пад во последните 70 години. Тоа е огромна дупка во износот на пари што е во обрт во Германија – 104 милијарди евра.

Звучи апсурдно што набавката на потрајни предмети, како што се мебел или автомобили, во втората половина на годината дури се зголеми за пет проценти во споредба со истиот период претходната година, а економистите на ИВ сметаат дека на тоа влијаелa привремено мерката за намалување на данокот на додадена вредност.

Сепак, се чини дека причината може да биде поедноставна: луѓето не знаеја што да прават со парите. Кога постојано седат дома, тогаш барем можат да си дозволат нов мебел, особено пристојна работна маса, бидејќи треба да се работи од дома.

Па, откако се виде дека всушност нема каде да се потроши заработеното, пари останаа и за автомобил.

Целата сторија може да ја проследите на Дојче веле на македонски јазик.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.